Со новогодишното украсување започна празничната атмосфера во Куманово
21.12.2023 09:40
| Оливера Пешевска
Со украсување на двата плоштади започнаа подготовките за прославата на новогодишните празници во Куманово.
Највпечатлив, според реакциите на граѓаните е Занаетчискиот дом, кој блесна со целата своја убавина и грандиозност, но најмалите сепак се радуваат на автомобилите, санките на Дедо Мраз и фигури на животни, прикладни за зимската атмосфера.

Ова е втора година како новогодишното украсување го спроведува ЈП „Куманово-паркинг“.
За украсувањето се искоритени украсите од минатата година, а набавени се и нови. За разлика од другите години кога се украсуваа главните улици во градот, сега се украсени само плоштадите.

За украсувањето на двата плоштади Општина Куманово потроши 3 милиони денари или 50 илјади евра.


