×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Не одам во друга партија, ќе дејствувам независно, вели Салиевски по заминувањето од СДСМ

    30.07.2025 14:04 | KumanovoNews

    Советникот Самет Салиевски вчера соопшти дека ја напушта коалицијата на СДСМ во Советот на Општина Куманово, и до крајот на мандатот ќе дејствува како независен советник.

    Не одам во друга партија, ќе дејствувам независно, вели Салиевски по заминувањето од СДСМ

    „Ова е барање е на мојот народ, бидејќи за 3,5 години не направив ништо за мојата заедница. Сметам дека ќе има нов кандидат, нов советник кој ќе успее да го реализира она што јас не успејав и тоа што го бараа од мене. Мојата политичка кариера завршува тука, има уште две седници“, кажа Салиевски, кој 4 мандати е советник на СДСМ.

    По неговото најава веднаш излегоа информации дека тој ќе премине во партијата ЗНАМ, што Салиевски ги отфрла како шпекулации.

    „Не е точно дека ќе преминам во друга партија. Тука ќе ја завршам политичката кариера и ќе се посветам на боксот, мојата прва љубов. Тоа повеќе ме влече“, ни кажа Салиевски.

    Тој ги повика неговите подржувачи и сограѓани во иднина да гласаат и да ја поддржат паријата која ќе им вети подобри условите за живот и решавање на инфраструктурните проблеми.  Смета дека се борел колку што можел, и успејал да реализира многу проекти, но последните години неговата партија иако била на власт на централно ниво не покажала разбирање за потребите на ромската заедница, поради што и се повлекува.