Трето прскање против комарци во Куманово
Утре /23.јули/ по трет пат ќе се прска против комарци во Куманово.

„Се известуваат граѓаните на Општина Куманово за претстојниот трет третман на терестичка дезинсекција, на возрасна форма на комарци. Третманот ќе започне на полноќ, во 00:00 часот и ќе се одвива до раните утрински часови, на следните локации: по течение на река Кумановка од Кумановска бања, преку с.Проевце, м.в. Бејтови ниви, по должината на кејот на река Кумановка, површини под бавчи од другата страна на реката, по должината на булеварот „Октомвриска револуција“, на површините околу Градскиот парк и ул. „Никола Тесла“, покрај реката во реонот на ООУ “Толи Зордумис”, во Диво насеље, по текот на реката во с.Романовце, Градски гробишта (едно од најголемите легла на комарци), Зелен рид, по должина на булеварот „Трета МУБ“ и ул.„11 Октомври“ со посебен акцент на ЈЗУ Општа болница – Куманово, низ централното градско подрачје, по текот на река Серава, населбата “Перо Чичо“ и други локации низ градот“, соопшти Општина Куманово.