×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Три пожари на отворен простор и едно потпалување на смет во Куманово

    22.03.2025 11:29 | Оливера Пешевска

    Во текот на вчерашниот ден имало три пожари на отворен простор каде горела ниска вегетација, а гаселе и запален смет во населбата Средорек.

    Три пожари на отворен простор и едно потпалување на смет во Куманово

    „Се работеше за помали пожари на сува трева и ниска вегетација. Со по едно противпожарно возило и екипа од тројца пожарникари сите пријавени пожари се изгаснати за кусо време“, известуваат од ТППЕ Куманово.

    Првиот пожар бил во близина на селските гробишта во с. Добрашане, вториот на магистралниот пат Куманово – Скопје, во
    близина на наплатна рампа -Романовце, третиот во атарот на с. Добрашане на опожарен смет- ѓубре.
    Опожарен е и контејнер со смет во нас. Средорек. Интервенирано со 1 ПП возило и 2 пожарникари во временски период од 17,45 до 18,25 часот.

    Во текот на март оваа година, заклучно со 21 март на територијата на Македонија имало вкупно 484 пожари на отворен простор, соопштуваат од Центарот за управување со кризи. 

    Од нив 23 биле шумски пожари, додека во останатите 461 пожар на отворен простор гореле висока сува трева, стрништа, нискостеблеста и деградирана шума како и ѓубришта.

    Безмалку сите пожари започнале од стрништа (земјоделски земјишта на кои се палат остатоци од земјоделски култури или меѓи обраснати со трева, трње, грмушки и слично).