Tрибини на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово, ќе присуствува лидерот Мицкоски
ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе одржи трибина пред граѓаните на Куманово.

На трибината „Од енергетска стабилност до силна економија“ – Ги градиме темелите на промените ќе говори премиерот Христијан Мицкоски, министерката за енергетика Сања Божиновска, Бобан Николовски, директор на Царинската управа, Бране Петрушевски пратеник и Лазар Узунчев директор на ЕСМ.
Трибината ќе се одржи во 19.30 часот на Градскиот плоштад во Куманово.
Вечерва средба со своите членови ќе има и Движењето ЗНАМ како дел од партискиот караван насловен како "Со срце за нашата општина", а ќе зборуваат лидерот Максим Димитриевски, претседателот на општинската организација даниел Стојчевски и Сашо Петрушевски.
Средбата ќе се одржи вечерва во 21 часот во големата сала на поранешен Комитет.
(Фото: Aрхива Kумановоњуз)