Украл предмети од училишен двор, полицијата го привела по што го признал делото
        06.08.2024 14:36
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      Педесет и тригодишен кумановец е приведен под сомнение дека одзел повеќе предмети од двор на основно училиште во Куманово.
                  „По преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Куманово го пронашле сторителот од с. Романовце, кумановско, кој во службен разговор во полициска станица го признал делото. Дел од одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.


                  
                  
                  
                  
                  
                  



