Вицепремиерот Фетаи во посета на затворот Кшање, вети решавање на проблемот со водата
Заменик претседателот на Владата задолжен за политики добро владеење, Арбен Фетаи, денес го посети затворот во Куманово, при што најави решевање на проблемот со недостаток на вода за пиење.

„Вицепремиерот ги сослуша предизвиците со кои се соочува оваа институција, која подолг период се справува со недостаток на вода за пиење – проблем за кој тој ќе се обиде да најде решение што е можно побрзо. Се разговараше и за можноста за зајакнување на здравствената поддршка за осудените лица, особено во делот на менталното здравје, во соработка со Министерството за здравство. Пенитенцијарниот систем е една од клучните столбови на правната држава и ние сме посветени на негово подобрување и развој согласно европските стандарди“, соопшти кабинетот на министерот .
Тој новото раководство го посочи како пример за добро менаџирање.
Фетаи беше пречекан од директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов, како и директорот на затворот во Куманово Оливер Цветковски и заменик-директорот Илбер Лимани.