×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Виолинистот Стефан Миленковиќ ќе одржи концерт во Македонската филхармонија

    18.09.2024 08:14 | KumanovoNews

    Српскиот виолинист Стефан Миленковиќ во петок ќе одржи концерт со камерниот оркестар „Профундис“ во  Македонската  филхармонија во Скопје. 

    Виолинистот Стефан Миленковиќ ќе одржи концерт во Македонската филхармонија

    На програмата ќе бидат изведени дела од Чајковски, Паганини, Сен-Санс, Масне, Бацини и Сарасате.

    Стефан Миленковиќ е српски виолинист со светска слава, познат уште од најраните години како „чудо од дете“. Роден во 1977 година, тој покажал извонреден музички талент уште од најрана возраст, одржувајќи го својот прв концерт на само шест години. Веќе на десетгодишна возраст, настапувал пред личности како претседателот на САД Роналд Реган, советскиот лидер Михаил Горбачов, и папата Јован Павле II. 

    Миленковиќ е еден од најпочитуваните виолинисти на својата генерација, со долга и успешна кариера како солист и виртуозен виолинист. Неговите настапи ги красат сцените на најпрестижните концертни сали низ светот, а неговата изведба е позната по својата длабочина, прецизност и неверојатна техничка подготвеност.

    „Поминаа повеќе од 5 години од мојот последен концерт, па затоа со нетрпение чекам да се видиме во Скопје, град кој има прекрасна публика и каде имам многу пријатели“, изјави Миленковиќ, како најава за претстојниот концерт.

    На сцената Миленковиќ ќе биде придружуван од македонскиот камерен оркестар „Профундис“, познати по својата уникатност, виртуозна музикалност и креативност во настапите.

    Влезниците за концертниот спектакл се достапни преку интернет платформата и продажната мрежа на МК
    ТИКЕТС.