ВМРО-ДПМНЕ ја претстави советничката листа во Куманово – носител адвокатот Владимир Михајловски
ВМРО-ДПМНЕ попладнево ја достави листата за советници до Општинската изборна комисија во Куманово и ги претстави кандидатите за советници.

Носител на листата е адвокатот Владимир Михајловски, кој најави позитивна кампања со реални и остварливи ветувања.
„Имаме сериозна листа со изградени луѓе, интегрирани во општеството без дамки на своето име. Сигурен сум дека оваа листа ќе победи и ќе обезбеди мнозинство во Советот. Тоа мнозинство ќе воведе новини во работењето и граѓаните ќе бидат запознаени со сите одлуки кои ќе ги носи Советот. Претпазливи сме со ветувањата, но наша цел е Куманово да го направиме поубаво место за живеење. Трагот што ќе го остави оваа советничка листа и владеењето на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде референтна вредност за идните совети“, изјави носителот Михајловски.
Тој најави дека ќе водат позитивна кампања, а ветувањата кои ќе ги дадат пред граѓаните ќе бидат реални и остварливи, поради што, како што рече, доаѓаат подобри времиња за Куманово.