Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ утре со почеток во 20 часот ќе биде отворена Меѓународната изложба на афоризми и карикатура - „Струмица 2025“.
Во Изложбениот салон ќе бидат поставени 30 карикатури селектирани од стручно жири, меѓу кои и наградените на овогодинешново издание на фестивалот.
Стандардната тематска рамка е „Карневал- еротика“, а идејата е уривање на секојдневните хиерархии и поделби врз основа на професија, социјален статус и пол.
„Прославата, која е дел од народната култура, прослава во која карневалската смеа долго одекнува низ ноќта по струмичките улици по кои заедно врват некоја паганска маска и налудничавиот Дон Кихот и Санчо Панса, качен на магаре. Еротиката – тоа животворно чувствување на животот и светот околу себе, како неизоставен дел од карневалското чувствување на светот“, стои во најавата за изложбата.
Изложбата се организира во соработка со НУ „Антон Панов“ од Струмица.
Заинтересираните ќе можат да ја погледнат во наредните десетина дена.