×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање
  • Политички маркетинг

  • Во Куманово наврнаа 38 литри дожд на метар квадратен

    27.10.2025 10:46 | KumanovoNews

    Во изминатите 24 часа во Куманово наврнаа 38 литри дожд на метар квадратен. Минималната измерена температура изнесувала 9, а максималната 11,5 степени Целзиусови.

    Во Куманово наврнаа 38 литри дожд на метар квадратен

    Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи, до 8:30 часот наврнале и 57 литри дожд на единица површина во Крива Паланка, 55 во Маврови Анови, 43 во Лазарополе и Тетово,  37 во Скопје – Петровец, 33 во Скопје – Зајчев Рид, 31 во Ѓуриште, 28 во Виница, 21 во Велес, 20 во Штип и Крушево, 9 во Кавадарци, 8 во Прилеп, 7 во Демир Капија, 6 во Берово и Битола, 5 во Претор, 4 во Гевгелија и 2 во Струмица.

    Времето денеска претпладне е претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, наместа пообилни и поројни, со можност за ретки грмежи. Во текот на попладневните часови врнежите ќе престанат, а облачноста постепено ќе се намали. Ќе дува засилен ветер од западен и северозападен правец.

    Во Скопје времето е променливо облачно, претпладне со повремени врнежи од дожд, локално пообилни. Попладне се очекува престанок на врнежите, а ќе дува умерен ветер, претежно од северен правец.

    И утре времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, при дневни температури кои ќе се движат од 12 до 17 степени Целзиусови. Ќе дува умерен ветер, а долж Повардарието повремено засилен од северозападен правец.