×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Tрибина за рана детекција на рак на дојка утре во Куманово

    24.10.2024 16:13 | KumanovoNews

    Трибина за рана детекција на рак на дојка, во организација на Општата болница Куманово и Министерството за здравство (МЗ),ќе се одржи утре во 11 часот во Занаетчискиот дом во Куманово. Предавач ќе биде д-р Маја Јакимовска, а целта е да се подигне свесноста кај жените за оваа подмолна болест. 

    Tрибина за рана детекција на рак на дојка утре во Куманово

    „Трибината е од отворен тип и поканети се сите заинтересирани лица, посебно од женскиот пол да се информираат за скрининг програмите на министерството и процедурите за редовна контрола на дојките. Во состав на болницата работи Кабинет за дојка за мамографски прегледи, постои можност и за ехо- прегледи. Сите лекари, и матичните и оние од секундарното и терцијалното здравство постојано предупредуваме дека редовните прегледи и раната дијагностика се клучни во борбата со ова зла болест. За жал, статистиката покажува дека се намалува и старосната граница на новодијагностицирани“, истакна д-р Стефан Трајановски, директор на болницата.

    Министерството за здравство организира вакви трибини во повеќе градови во државата. Кампањата се спроведува во соработка со Националната комисија за скрининг и рана детекција на рак на дојка, Светската здравствена организација, Фонд за население на обединетите нации, Здружение за помош и поддршка на пациенти со гинеколошки заболувања Фемина М, Здружение за иницијативи за развој во здравството, подобрување на здравствените сервиси и застапување на пациенти ЕЗРА.