Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На Спортскиот аеродром Аџитепе во Куманово, во сабота ќе се одржи првиот собир на автомобили, во организација на клубовите Тјунингславиа и Илегал Хантерс од Куманово.
Се работи за изложба на автомобили со зајакнати мотори, тн „фризирани“ автомобили, чии мотори имаат поголема моќност и создаваат голема бучава, додека естетскиот дел се однесува на зајакнување на каросеријата и металните делови, кои освен функционална, имаат и естетски белег.
Се очекува на собирот за има околу 500 автомобили.
Влезот за публиката е слободен, сите зинтересирани на собирот можат да присуствуваат во периодот од 10 до 20 часот.
„Љубопитните сограѓани можат да влезат бесплатно, во било кое време. Учесниците пак ќе мора да се соберат од 10 до 12 часот, и за нив за учество котизацијата е 300 денари. Натпреварот во дрифтање ќе започен во 13 часот, а наградите- пехари ќе се доделуваат некаде околу 15 часот“, објасни еден од организаторите Јовица Гелевиќ.
На настанот ќе има богата програма на различни видови подесени автомобили, олд- тајмери, луксузни автомобили. Настанот ќе биде збогатен со музика од локален Ди џеј, хостеси, добра храна и пијалаци.
На настанот ќе бидат присутни гости од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Бугарија.
Средства за организирање се обезбедени преку приватни спонзори од Куманово и земјата.