Во Североисточниот регион нема излевање на реките, само подмрзнати коловози, велат од ЦУК
09.01.2026 13:16
| KumanovoNews
Во Куманово, Липково и Старо Нагоричане засега нема излевање на реките.
Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека се забележани подмрзнати коловози на одделни патни правци, каде надлежните служби интервенираат.
На подрачјето на Крива Паланка, Ранковце и Кратово нема нарушување на редовната состојба, сите патни правци се проодни, а снабдувањето со електрична енергија е стабилно.