Во стабилна состојба е пациентот од Кочани кој е сместен во Кумановската болница
Стабилен, мобилен и комуникативен е пациентот од Кочани, кој од неделата е згрижен во Општа болница Куманово.

Пружена му е потребната медицинска помош и нега, и будно се следи неговата состојба.
„Пациентот е во стабилна состојба, полека заздравува, а набиениците по телото се залечуваат. Не се препорачуваат посети затоа што сите изгореници се третираат како отворени рани во стерилна средина, иако кај него се констатирани изгореници од прв и втор степен, што практично значи црвенило на дел од лицето и надлактицата и неколку пликови“, објасни директорот д-р специјалист Стефан Трајановски.
Тој ги отфрли како шпекулации тврдењата дека лицето нема храна и вода. Поради безбедност и полесно заздравување не се дозволени посети, а добива три болнички оброци дневно и доволно течности.