×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Водата од градскиот водовод се` уште не е за пиење, резултатите за квалитетот ќе стигнат утре

    27.05.2024 10:09 | Оливера Пешевска

    Водата од градскиот водовод во Куманово се` уште не смее да се користи за пиење, туку само за техничките употреба во домаќинствата.

    Водата од градскиот водовод се` уште не е за пиење, резултатите за квалитетот ќе стигнат утре

    Последните резултити  за квалитетот на водата ќе пристигнат утре /вторник/ во попладневните часови, по што ќе се знае дали водата може да се користи и за пиење. Резултатите од анализата треба да ги издаде Центарот за јавно здравје Куманово, како релевантна лабораторија.

    „Ги имаме резултатите од мострите земени на 23 мај, и тие ја потврдуваат микро-биолошкта исправност која во никој момент и не беше компромитирана. Заматеноста, количината на одредени минерали драстично се намалува, резултатите се многу блиску до референтните вредности, но ни требаат три последователни позитивни резултати за да ја прогласиме водата за безбедна за користење“, објаснува доктор Блерта Шахини Азизи, од ЦЈЗ Куманово.

     Од ЈП „Водовод“ тврдат дека водоснабдувањето е веќе нормализирано на целата територија на општина Куманово, и  сите домаќинстав моментално имаат дотур на вода. Вчерашниот голем дефект на улицата „Никшиќка“ е отстранет и некаде во вечерните часови започна дистрибуцијата до населбата Зелен Рид.

    „Интервенцијата одеше поспоро затоа што се работи за голем, доводен вод „Ф/350“ салонит, но и затоа што е поставена непосредно до канализациската мрежа, па копањето мораше да се изведува рачно. Поправката е спроведема и водоснабдувањето е нормализирано на територијата на Општина Куманово“, истакна Оливер Стојмановски, директор на ЈП „Водовод“ Куманово.

    Дел од жителите во високите зони на градот реагираат дека немаат вода и неколку дена во конитнуитет. Тие се снабдуваат со вода од бунарите од Проевце, таа вода во моментов не се меша со водата од акумулациите и е безбедна за пиење. Станува збор за населбите Перо Чичо, Карпош, Ајдучка чешма, Пуковско, Тромеѓа.

    „Дистрибуцијата е 50 литри во секунда, количина која би требало да ги опслужи жителите на тие населби. Само за споредба целиот град Крушево просечно троши по 20 литри во секунда. Проблем се несовесните граѓани и нерационалната потрошувачка- оние кои имаат си ги мијат дворовите, наводнуваат бавчите. Во населбата Карпош, некаде до погоните на Биана има вода, луѓето кои живеат над овој потег се соочуваат со недостиг“, изјави директорот Стојмановски.

    Доколку утре се добијат позитивни резултати за квалитет на водата, ќе започне во бунарската да се дотура и преработена вода, со што и во овој дел на Куманово водоснабдувањето ќе се нормализира.