Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Полициски службеници од СВР Куманово во содејство со претставници од Управата за финансиска полиција, Државен пазарен инспекторат (ДПИ) и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), вршат вонредни контроли на дискотеките и угостителските објекти во Куманово.
Според неофицијални информации од инспекциските служби, дел од ноќните клубови не ги исполнуваат минимално - техничките услови за работа, поради што можат да се соочат со затворање.
Интензивни контроли денеска се вршеа и во кафулињата во центарот на градот, кај зградата на поранешен Комитет и на Градскиот плоштад. Се отстрануваше опремата поставена на јавни површини.
„На терен во секој момент овие денови се над 10- тима кои вршат контрола. Ќе се проверат сите, до детал. Сакам да ја информирам и јавноста дека е направен и план и за проверка на оние кои немаат важечка лиценца, а работеле во минатото“, истакна вчера Марија Митова, портпаролка на Владата.
Контролите на територијата на државата се зајакнати по трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кога загинаа 59 млади и деца, а 200 се повредени. Причина за несреќата беше неовластено користење на пиротехнички средства во објект кој не ги задоволувал минимум техничките услови за работа.