×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Вратени се старите цени на полисите за возила

    09.05.2024 18:07 | KumanovoNews

    Полисите за автоодговорност повторно се продаваат по цените од пред 25 април, откако одлуката на владата беше објавена во Службениот весник на 7 мај.

    Вратени се старите цени на полисите за возила

    Останува нејасно дали осигурителните компании ќе ги враќаат парите на осигурениците кои во изминатите две недели ја платиле повисоката цена за 15,44 посто. 

    Според некои информации станува збор за повеќе од 10 илјади сопственици на моторни возила кои ги регистрирале возилата од 25 април до 7 мај.

    Цената на полисата за задолжителното авто осигурување поскапе за возилата со моќност од над 44 киловати. Поскапувањето е од 840 до 1.600 денари.

    Од Националното биро за осигурување (НБО) тогаш истакнаа дека поскапувањето на цената на полисата за задолжителното авто осигурување се должи на актуелните пазарни услови, или поконкретно: континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, порастот на цената на резервните делови, порастот на платите и постојаната инфлација.

    На седницата на Владата од 2 мај беше донесена одлука цената на осигурување од автоодговорност да се врати на нивото од пред 25 април 2024 година.