×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Продолжување на бесплатниот превоз и ребаланс на буџетот, утре на седница на Совет

    28.10.2024 08:53 | KumanovoNews

    Советот на Општина Куманово утре ќе одржи редовна седница, а на дневен ред се предложени 34 точки.

    Продолжување на бесплатниот превоз и ребаланс на буџетот, утре на седница на Совет

    Советниците ќе расправаат за продолжување на бесплатниот јавен превоз, субвенционирање на ученици за затворениот базен, ребаланс на  буџетот, точки од сферата на урбанизмот.

    Дневен ред:

    1.    Предлог – Одлука за верификација на мандат на член на Советот на Општина Куманово;
    2.    Информација за превземени мерки и активности од страна на Полициска станица од општа надлежност Куманово во текот на првото полугодие од 2024 година;
    3.    Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП „Куманово - гас“ - Куманово за промена на цена за приклучок на гас;
    4.    Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за утврдување на недвижни ствари кои треба да бидат предмет на јавно наддавање за издавање под закуп;
    5.    Програма за измена на Програмата за работа на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово со финансиски план за 2024 година;
    6.    Предлог – Програма за изменување на Програмата за субвенционирање на наставни, воннаставни и спортски активности по пливање во Затворениот базен – Куманово за учениците од основните и средните училишта од Општина Куманово за 2024 година;
    7.    Предлог – Одлука за измена на Одлуката за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за 2024 година;
    8.    Предлог – Програма за измена на Програмата за развој на социјалната заштита во Општина Куманово за 2024 година;
    9.    Предлог - Измена и дополнување на Планот на програми за развој на Општина Куманово за 2024 година;
    10.    Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово за 2024 година;
    11.    Предлог – Програма за изменување на Програмата на активности од областа на заштитата на животната средина и природата на Општина Куманово за 2024 година;
    12.    Предлог – Одлука за изменување на Одлуката за субвенционирање на општински линиски превоз на патници на подрачјето на Општина Куманово;
    13.    Предлог – Одлука за изменување на Одлуката за субвенционирање на линиски превоз на патници за линии утврдени со Спогодба за утврдување на заедничко организирање на извршување на линиски превоз на патници помеѓу Општина Куманово и Општина Старо Нагоричане;
    14.    Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за урбанистичко планирање на подрачјето на Општина Куманово за 2024 година;
    15.    Предлог – Одлука за донесување на Измена и дополна на Детален урбанистички план за дел од УЕ „Стари Лозја“, дел од УБ 11, плански опфат помеѓу ул. „Доне Божинов“, ул. „100“, ул. „200“ и крак на ул. „Доне Божинов“ и граница на наменска зона - Општина Куманово;
    16.    Предлог – Одлука за утврдување потребa од донесување на урбанистичко-планска документација за к.п. 1478 и 1479, КО Куманово – Општина Куманово;
    17.    Предлог – Одлука за утврдување потребa од донесување на урбанистичко-планска документација за к.п. 1528/2, КО Горно Коњаре – Општина Куманово;
    18.    Предлог – Одлука за утврдување потребa од донесување на урбанистичко-планска документација за к.п. 3127, КО Табановце – Општина Куманово;
    19.    Предлог – Одлука за утврдување потребa од донесување на урбанистичко-планска документација за к.п. 620/3, КО Режановце – Општина Куманово;
    20.    Предлог – Одлука за утврдување потребa од донесување на урбанистичко-планска документација за к.п. 487 и 490, КО Довезенце – Општина Куманово;
    21.    Предлог – Одлука за утврдување потребa од донесување на урбанистичко-планска документација за к.п. 1348, КО Шупли Камен – Општина Куманово;
    22.    Предлог – Одлука за утврдување потребa од донесување на урбанистичко-планска документација за к.п.1813, КО Бељаковце – Општина Куманово;
    23.    Предлог – Одлука за утврдување потребa од донесување на урбанистичко-планска документација за к.п. 592, 597, 598, 591 и 590/2, КО Косматец – Општина Куманово;
    24.    Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Куманово за III квартал од 2024 година;
    25.    Предлог - Измени и дополнувања на Буџетот на Општина Куманово за 2024 година;
    26.    Предлог – Одлука за користење на мобилен телефон на членовите на Советот на Општина Куманово, согласно договорот за услуги од мобилен оператор за потребите на Општина Куманово, основните и средните училишта, јавните претпријатија и јавните установи бр. 37 – 7809/9 од 10.10.2024 година;
    27.    Предлог – Одлука за утврдување на предлог за воспоставување на меѓуопштинска соработка;
    28.    Предлог - Решение за констатирање престанок на мандат и избор на член на Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања на Советот на Општина Куманово;
    29.    Предлог - Решение за констатирање престанок на мандат и избор на член на Комисијата за комунални дејности на Советот на Општина Куманово;
    30.    Предлог - Решение за констатирање престанок на мандат и избор на претседател на Комисијата за статут и прописи на Советот на Општина Куманово;
    31.    Предлог – Решение за измена на Решението за определување на членови на Советот на Општина Куманово кои ќе учествуваат при склучување на бракови во Општината Куманово;
    32.    Предлог – Решение за разрешување на член на Управниот одбор на Јавното претпријатие „Пазаришта” – Куманово;
    33.    Предлог - Решение за разрешување и именување на член на Органот за надзор на ЈОУД Детска градинка „Ангел Шајче” – Куманово;
    34.    Предлог – Решение за разрешување и именување на член на Органот за надзор на ЈОУ Дом за стари лица „Зафир Сајто” – Куманово.