Започна реконструкција на градскиот парк во Куманово
09.03.2022 10:32
| Сузана Николиќ
Општина Куманово започна со реконструкција на градскиот парк во Куманово.
Во паркот ќе бидат изградени нови пешачки патеки, а ќе се постават смарт клупи, соларни канделабри, ново детско катче, простор за домашни миленици, нов спортски терен, нова фонтана, паркинг простор и платформа за одржување настани на отворено.
„Граѓаните ќе добијат нов простор за спорт и рекреација“, изјави градоначалникот Максим Димитриевски.

Со друг проект е предвидена целосна реконструкција на улица „Братство и Единство“ со изградба на тротоари, а се подготвува и дополнително нејзино поврзување со булеварот Октомвриска Револуција.

