×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Заврши реконструкцијата на училиштето во Агино Село, жителите имаат забелешки на проектот

    25.04.2025 12:05 | KumanovoNews

    Заврши реконструкцијата на подрачното основно училиште „Кирил и Методиј“ во Агино Село. По осум месеци од вчера учениците и наставниците се вратија на настава во целосно обновен простор и подобри услови за одвивање на наставата.

    Заврши реконструкцијата на училиштето во Агино Село, жителите имаат забелешки на проектот

    Проектот е реализиран преку Министерството за образование и наука, во соработка со Општина Куманово, со вредност од 11,6 милиони денари или околу 188.000 евра. Реконструкцијата започна кон средината на јули, минатата година.

    Во рамките на проектот поставени се нов кров и трем, заменети се 15 прозорци, влезна врата, внатрешни врати, реновирани се тоалетите, изградена е пристапна рампа за лицата со инвалидитет, поставена е изолација и фасада на зградата, како и нова ограда околу училишниот двор. Дополнително, бетонирани се нови тротоари, а зградата веќе располага со парно греење и модерни смарт-табли, обезбедени од Општината.

    Родителите и жителите од селото ја поздравуваат заложбата конечно да се реновира училишна зграда, но велат дека има пропусти во проектот  на ЈП „Куманово-план“, поради што одредени работи останале недовршени. 

    „ Поради недостиг на средства со проектот не е предвидена реконструкција на ѕидовите- се е направено, а внатрешните ѕидови не се малтерисани и глетувани. Старите ги искречивме за да ги заличиме. Баравме и порта и мала портичка за влез во дворот, нов инвентар, видео надзор, вентилација на тоалетите и дренажа на водата од олуците,  кои се неопходни за одржување и заштита на зградата од влага. Ако не се заштити дворот на училиштето ќе се продолжи со старите навики да се паркираат автомобили или да се поминува низ него за да се скрати патот. За поголем дел од овие работи ќе аплицираме со нов проект до МОН и Општина Куманово а дел ќе бидат санирани од директорот и училиштето на сопствен трошок “, вели Љупчо Николовски, претседател на месната заедница.

    Училиштето „Кирил и Методиј“ во Агино Село е изградено во 1978 година со самопридонес од жителите, а ова е прва поголема интервенција на објектот оттогаш, откако родителите протестираа и не ги пуштиа децата на училиште.