Просечната месечна плата во јануари е над 39 илјади денари Просечната месечна исплатена нето плата по вработен изнесува 39.542 денари, за месец јануари 2024 година, објави Државниот завод за статистика. Тоа е зголемување од 16,5 проценти во однос на истиот месец минатата 2023 година.
Со ликовна работилница се одбележа Денот на пролетта од Отсекот за превенција во Куманово Ликовно работилница за ученици од основните училишта во Куманово денеска организираше Отсекот за превенција при СВР Куманово и Општински совет за превенција од детско престапништво на платото пред Центарот за култура, а по повод Денот на пролетта - 21 Март.
Изгореа стари дрвени прагови на Железничката станица во Куманово На Железничката станица во Куманово синоќа се запалиле 15 дрвени прагови од пругата, поради што интервенирале пожарникари на Територијалната противпожарна единица Куманово.
(Видео) Дечиња од градинката Ангел Шајче засадија цвеќиња на Градскиот кеј по повод Денот на пролетта На Градскиот кеј во Куманово, денеска дечиња од градинката „Ангел Шајче“ засадија цвеќиња и одржаа Еко базар по повод Денот на пролетта и Светскиот ден на водите.
Потребни се 1,6 милиони евра да се заврши реконструкцијата на спортската сала која трае 2,5 години Повеќе од 2,5 години се работи на реконструкција и внатрешно уредување на спортска сала Куманово, а неизвесно е кога ќе биде целосно завршена и ставена во функција на спортот.
Вложивме три милиони евра во специјални возила за надзор на границите, кажа Бојмацалиев при посетата на Табановце Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев денеска ја посети Полициската станица на Граничен премин Табановце, каде што оствари работна средба со раководствата на оваа организациска единица, како и со раководството на Регионалниот центар за гранични работи СЕВЕР, на коишто беше брифиран за резултатите во изминатите два месеца.
Светскиот ден на поезијата ќе се одбележи со поетско - музичка вечер во Занаетчискиот дом Поетско- музичка вечер „Слеј се со поезијата и музиката“ ќе се одржи вечерва во Занаетчискиот дом во Куманово, со почеток во 19 часот, по повод Светскиот ден на поезијата.
„Флекс кредит“ додели наградно патување на припадничките на понежниот пол Верни на традицијата и оваа година со особено внимание и задоволство се истакнуваме како компанија која работи на мотивација и континуирано воведување на бенефиции за своите вработени.
Најмногу поскапеле храната и пијалоците, потрошувачката кошница за март 59.000 денари Храната и пијалоците претрпеле најголемо зголемување во текот на еден месец, од февруари до март за 1.462 денари, а од декември минатата година досега се потребни 1.951 денари повеќе. Според Сојуз на синдикати на Македонија за ова ставка за едно четиричлено семејство потребни се 22.681 денари.
Кумановскиот музеј во 2026 ќе организира камп со американски студенти на „Градиште“ Музеј Куманово добил понуда за соработка од реномираниот Флорида Универзитет од Мајами, САД, за организирање на археолошки камп во регионот на Куманово, односно на лок. Градиште во Бислимска Клисура, с.Пчиња.
Приведен кумановец поради кражба на приватен имот Полициски службеници од СВР Куманово вчера привеле 32-годишен кумановец, кој се сомничи дека претходниот ден од приватен имот на улицата „Салтир Наумов" во Куманово одзел повеќе предмети.
Без струја денеска и утре делови од Куманово Снабдувањето со електрична енергија денеска ќе биде прекинато во одредени делови на градот и во едно село.
Се намалуваат коефициентите за пресметка на платите на функционерите кои ги именува Владата Владата на денешната седница донесе одлука со којашто се намалуваат коефициентите за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата.
На 2 април е закажано судењето на Максим Димитриевски за злоупотреба на службената положба Основниот суд во Куманово за 2 април го закажа судењето на градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски по обвинителен предлог за злоупотреба на службената положба.
Ќе нема субвениции за комунални услуги, градинка и народна кујна, додека не завршат изборите Субвенции за трошоците за комунални услуги, помош за домување, еднократна парична помош, ослободување од партиципација за деца на самохрани родители запишани во градинка, народна кујна и други, кои се дел од пакетот мерки за социјална заштита на Општина Куманово ќе се реализираат по изборите.
Се запалил камион на патот Куманово – Крива Паланка, нема повредени На регионалниот пат Куманово – Крива Паланка, вчера се запалило товарно моторно возило „форд“ со кривопаланечки регистарски ознаки.