Приведена кумановка која украла пари и предмети од две куќи Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 13.15 часот ја привеле М.З. (25) од Куманово, поради основи на сомнение дека истиот ден влегла во две куќи во Куманово и одзела предмети и пари.
Концерт на солисти од НОБ во Центарот за култура во Куманово Во фоајето на Центарот за култура во Куманово утревечер во 19.30 часот ќе се одржи концерт на солисти од Националната опера и балет (НОБ), насловен како „Подарок за градот Куманово“.
Превезувал огревно дрво без документација, полицијата го привела Полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки на патниот правец Скопје – Куманово, вчера во 9.45 часот, кај наплатна станица Романовце, го лишиле од слобода Ј.С.(26) од с. Гошинце, општина Липково.
На Зебрњак се одбележуваат 111 години од Кумановска битка Денеска во 12 часот нa спомен костурницата Зебрњак ќе започне прославата по повод 111 години од Кумановската битка. Настанот е во организација на Владата на Србија, Српската амбасада и Српската заедница во Македонија.
Младиот мозаист Мишо Стојановски од Куманово со нова награда во Италија Мозаикот „Метемпсихозис“(Мetempsicosis) на младиот кумановец Мишо Стојановски, магистрант на престижната Ликовната академија во Равена, Италија, ја освои втората награда на Фондацијата Паолина Бруњатели од Милано, која ги поддржува младите таленти во науката и уметноста.
Започна реконструкцијата на спортската сала Соколана Започна реконструкцијата на спортската сала Соколана, која е една од најубавите и највредни архитектонски зданија во Куманово, изградена во 30-тите години на минатиот век. Во првата фаза од реконструкцијата предвидено е зајакнување на статиката на објектот и санација на кровот, а тоа ќе чини 130 илјади евра.
По кој критериум е назначен новиот директор во Кумановската болница, прашува ВМРО-ДПМНЕ Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ го прашува министерот Фатмир Меџити, по кој критериум д-р Фати Џемаили е назначен за в.д. директор на Кумановската болницата, ако само пред еден месец имаше конкурс на која беше изберена директорката Биљана Ивановска.
Министерот Меџити и Ан Јохансен на средба со матичните лекари од Куманово Со новините во примарната здравствена заштита се овозможува приближување на услугите за сите пациенти. Има конкретни и видливи промени и тоа како резултат што беа слушнати поплаките на пациентите и нивните барања за поефикасни услуги во здравствениот систем.
Кумановската болница ќе остане без уролог, откако д-р Џемаили е назначен за в.д. директор Единствениот специјалист уролог во Општа болница Куманово Фати Џемаили е незначен за в.д. директор, со што пациентите од Североисточниот регион ќе останат без оваа услуга во јавното здравство.
Ќе нема повеќе директори кои не можат професионално и стручно да одговорат на секојдневните обврски, кажа Меџити за смената на Ивановска Министерот за здравство Фатмир Меџити, при денешната посета во Здравствениот дом во Куманово не сакаше директно да кажа која е причината за смена на директорката на Општа болница Куманово, Билјана Ивановска само еден месец откако беше изберена на функцијата.
Регистрирани 11 случаи на грип минатата недела во Куманово Минатата недела, од 9-15 октомври, регистрирани се 11 нови случаи на грип во Куманово, покажуваат најновите податоци на Одделот за епидемиологија на заразни болести при Институтот за јавно здравје.
Општина Куманово дава финансиска поддршка на здруженија за спроведување на кампањи за здравствена заштита Општина Куманово обезбедува финансиска поддршка за спроведување на превентивно-промотивни активности за унапредување на здравјето на граѓаните преку кампањи од областа на здравствена заштита за 2023 година.
Кумановец украл ташна со пари од автомобил, полицијата го привела Триесет и петгодишен жител на Куманово е приведен откако украл чанта со пари и други предмети од автомобил.
Изложба на фотографии на Стефан Анчевски и Марија Трпеска во Велес Во Ликовниот салон – Народен Музеј Велес утре во 20 часот ќе биде отворена самостојната изложба на фотографии „Матијас (беш)е тука“ на уметниците Стефан Анчевски и Марија Трпеска.
Започна пријавувањето на проекти од културата за 2024 година кои ќе ги финансира Општина Куманово Објавен е повикот за прибирање на предлог-проекти кои ќе влезат во официјалната Програма за манифестации и настани од областа на културата на Општина Куманово за 2024 година.
Промовиран „Лексиконот на странски сликари во Македонија“ во Занаетчискиот дом во Куманово „Лексикон на странски сликари во Македонија“ на Влатко Милошевски и Зоран Андонов беше промовиран во Занаетчискиот дом во Куманово. Во делото e опфатен 100-годишен период, од 1850-1950 година, со повеќе од 250 биографии на странски сликари и повеќе од 500 фотографии со репродукции од нивните македонски дела.