×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пет нови случаи на голема кашлица во Куманово

    17.10.2024 08:04 | KumanovoNews

    Се уште има активни случаи на пертусис-голема кашлица во Куманово, иако ситуацијата на национално ниво се смирува, вели д-р Јадранка Стаменковска, специјалист епидемилог во Центарот за јавно здравје во Куманово.

     

    Пет нови случаи на голема кашлица во Куманово

    „Од 4 до 10 октомври во Куманово се потврдени 5 нови случаи, од вкупно девет во Македонија. Имаме 4 заболени во Куманово и еден пациент од Липково. Повторуваме, вакцинацијата е најбезболниот и најсигурниот начин да се заштити населението и од ова бактерсиска инфекција“, потенцира Стаменковска.

    Од првиот регистриран случај во Куманово се евидентирани 97 случаи, Липково 19, во Крива Паланка 14 и во Кратово 18, што значи дека во Североисточниот регион до сега имало 148 регистрирани заболувања од пертусис. Епидемијата не е прекината, а според динамиката ќе трае најмалку до крајот на годината.