Кумановец паднал во бунар длабок 15 метри, го извадиле пожарникарите
Маж на возраст над 60 години вчера паднал во бунар со вода во кумановската населба Карпош. Несреќата се случила околу 13 часот, по што интервенирала Територијалната противпожарна едница од Куманово.















