×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Чистота и зеленило“ доби  согласност за 76 нови вработувања

    „Чистота и зеленило“ доби согласност за 76 нови вработувања

    Советот на последната седница даде согласност за 76 нови вработувања во ЈП „Чистота и зеленило“ во Куманово. Со 15 гласа за и 14 против советниците го поддржаа предлогот  за Измени и дополнувања на годишен план за вработување за 2023 година, со кој претпријатието ќе може да вработува нови луѓе за кои ќе има потреба во текот на годината.  

    Кумановец возел со 3,02 промили алкохол во крвта

    Кумановец возел со 3,02 промили алкохол во крвта

    Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од Куманово спроведоа редовна акциска контрола за откривање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи.  Кај еден возач биле измерени 3,02 промили алкохол, а уште 13 возеле под дејство на алкохол. 

    Нема подобрување на состојбата на Ромите во општеството,  иако дискриминацијата полека се намалува

    Нема подобрување на состојбата на Ромите во општеството, иако дискриминацијата полека се намалува

     Се поретко има случаи на дискриминација по етничка  основа за време на школувањето и при вработувањето на младите Роми. Но,  генералната општествена слика за иселување и барање на подобра економска и правна сигурност во земјите на ЕУ се пресликува и на ова група наши сограѓани, истакнуваАхмет Јашаревски, по повод Меѓународниот ден на Ромите „8-ми Април“.

    Кривична пријава за кумановец, недозволено купувал и продавал девизи

    Кривична пријава за кумановец, недозволено купувал и продавал девизи

    Кумановската полиција поднесе кривичнa пријавa против 61-годишен кумановец и против правно лице од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволена наплата или исплата во ефективни странски пари“ од Законот за девизно работење. 

    Училиштето „11 Октомври“ доби нова фасада, остана да се реновира уште спортската сала

    Училиштето „11 Октомври“ доби нова фасада, остана да се реновира уште спортската сала

    Со новата фасада, се заокружи процесот на реконструкција на зградата на Основното училиштето „11 Октомври“ во Куманово, која започна пред две години. Предвидено е целиот процес да се одвива низ три фази,  а останува уште реконструкцијата на спортската сала.

    Вешто се манипулира со датумите поврзани со одземање на надлежностите за градинката, реагираат од Општината на изјавата на Алексовска

    Вешто се манипулира со датумите поврзани со одземање на надлежностите за градинката, реагираат од Општината на изјавата на Алексовска

    Директорката на Детската градинка “Ангел Шајче” Куманово, вешто манипулира со датумите поврзани со одземање на надлежности во делот на објавување на јавен оглас за избор на директор и текот на самата постапка, реагираат од Општина Куманово на вчерашната прес-конференцијата на директорката Марина Алексовска.

    Бесплатниот градски превоз во Куманово ќе продолжи  до септември без анализа дали ги даде очекуваните резултати

    Бесплатниот градски превоз во Куманово ќе продолжи до септември без анализа дали ги даде очекуваните резултати

    Жителите на Куманово ќе користат бесплатен автобуски превоз до крајот на септември, откако советниците на Советот на Општината дадоа согласност субвенционирањето да се продолжи за уште три месеци. 

    Димитриевски еден месец не сакаше да распише оглас за директор, затоа му ги одземаа ингеренциите, тврди Алексовска

    Димитриевски еден месец не сакаше да распише оглас за директор, затоа му ги одземаа ингеренциите, тврди Алексовска

    Директорката на Детската градинка „Ангел Шајче“ во Куманово, Марина Алексовска денеска го обвини градоначалникот Максим Димитриевски дека еден месец не сакал да постапи по известувањето на управниот одбор за распишување на оглас за избор на нов директор,  поради што Министерството за труд и социјална политика (МТСП) му ги одзело ингеренциите, но по два дена ги вратиле. 

    Српската заедница утре ќе ја одбележи 82-годишнината од битката на Аџитепе

    Српската заедница утре ќе ја одбележи 82-годишнината од битката на Аџитепе

    Српската заедница во Македонија, регионален одбор Куманово и Демократската партија на Србите во Македонија (ДПСМ),  утре организираат одбележување на 82-годишнината од битката на аеродромот Аџитепе во која загинаа пилоти и припадници на војската на Кралството Југославија. 

    Министерството за труд во три дена ги одзеде, па ги врати ингеренциите на Димитриевски за поставување на директор во градинката „Ангел Шајче“

    Министерството за труд во три дена ги одзеде, па ги врати ингеренциите на Димитриевски за поставување на директор во градинката „Ангел Шајче“

    Министерството за труд и социјална политика пред два дена и ги одзеде ингеренциите на Општина Куманово за именување директор во градинката „Ангел Шајче“, но денеска се премисли и го повлече решението. Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, на прес-конференција обвини дека исто како и пред четири години кога останале без надлежност во време на избор директор во градинката, и сега се применило истото сценарио.

    МВР предупредува граѓаните да не наседнуваат на лажни електронски пораки пратени во името на Бирото за јавна безбедност и УЈП

    МВР предупредува граѓаните да не наседнуваат на лажни електронски пораки пратени во името на Бирото за јавна безбедност и УЈП

    МВР ги повикува граѓаните да не наседнуваат на електронските пораките кои деновиве пристигнале кај повеќе граѓани во име на директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, за наводна соработка со Европол, во која се известуваат дека се предмет на наводни правни постапки за низа измислени кривични дела, и притоа ги повикуваат да го контактираат испраќачот.