Три лица побарале лекарска помош во Ургентниот центар во новогодишната ноќ Едно лице со повреда во тепачка, и две лица кои се повредиле дома, побарале помош во службата на Ургентен центар во текот на новогодишната ноќ во Куманово. Нема пријавени случаи на труење со алкохол или прејадување.
Нападнат вработен во „пајак службата“ на „Куманово-паркинг“ Жител на селото Опае нападнал вработен во депото на пајак службата на ЈП „Куманово-паркинг“ во Куманово.
Првото бебе родено во Кумановската болница е женско, мајката е од Крива Паланка Првото бебе во Кумановската болница е женско, а се роди на 1 јануари во 17.10 часот. На свет го донесе 25- годишната Хамиде Асанова од Крива Паланка.
Учениците на распуст, на училиште од 20 јануари Од денеска започнува зимскиот распуст за учениците од сите основни и средни училишта во државата, кој ќе трае до 20 јануари. Училишната 2024/2025 ќе заврши на 10 јуни, а пролетен распуст ќе нема.
Запленети 1.200 петарди во Куманово и Липково Во два одвоени случаи, на градскиот пазар во Куманово и во селото Матејче, полицијата одзела 1.200 парчиња пиротехнички средства во текот на вчерашниот ден.
Ќе се вработат 28 специјализанти во Kумановската болница На почетокот на наредна година најавено е вработување на 28 специјализанти во Општата болница во Куманово.
Кумановец криел оружје покрај патот за Арачиново, одреден му е притвор Триесетдневен притвор му е одреден на кумановец кој криел оружје на територијата на Арачиново.
Поскапува бензинот од 95 октани, другите горива по стара цена Од вечерва на полноќ Еуросупер од 95 октани поскапува за 0,5 денари, а цената на мазутот се намалува за минимални 0,039 денари за килограм. Цената на останатите нафтени деривати останува непроменета.
Приведен кумановец затоа што бил агресивен кон неговиот татко Кумановец е приведен во полициската станица во Куманово, затоа што агресивно се однесувал кон неговиот татко.
Ќе се гради кружен тек на „Октомвриска“ и „Доне Божинов“, ќе чини 367.500 евра Општина Куманово ќе гради нов кружен тек на раскрсницата меѓу булеварот „Октомвриска револуција“ и улицата „Доне Божинов“, кој ќе чини 22,6 милиони денари, односно 367,5 илјади евра.
Два големи дефекти оставија без вода делови од Куманово Изградба на улица и тротоар на улицата 100, која го поврзува булеварот „Октомвриска револуција“ со „Моша Пијаде“ ги остави станарите на повеќе згради без вода за пиење.
Седуммина повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка Седум лица се повредени во сообраќајната несреќа што вчера напладне се случи на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка во атарот на Младо Нагоричане.
Поставена бадниковата пештера на Градскиот плоштад во Куманово Здружението „Бадникови поворки“ ја постави пештерата на „Христовото раѓање“ која го најавува големиот христијански празник, Божиќ, на Градскиот плоштад во Куманово.
По една коловозна лента се одвива сообраќајот во Младо Нагоричане, поради сообраќајка на патот кон Крива Паланка Поради сообраќајна несреќа во близина на селото Младо Нагоричане, сообраќајот на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, на местото на несреќата, се одвива наизменично по една коловозна лента.
Нови апарати за детското, неонатолошкото и ОРЛ одделението преку проектот „Поздрава шанса на иднината“ Реконструкција и проширување на Одделот за детски болести, како и реновирање на просторите на неонатологија во Општата болница Куманово е дел од проектот „Поздрава шанса на иднината“.
Оградата на дворот на Монопол е искривена, жителите се плашат дека може да падне и некого да повреди Оградата на дворот на поранешен Монопол на улицата „Страшко Арсовски“ се искривила под притисок на земјата и корени од дрвјата, а од врнежите и снегот дополнително ќе натежне и постои опасност да падне.