Вработените во здравството ќе добиjат повисоки плати за 10 отсто Ноемвриската плата за вработените во јавното здравство ќе биде повисока за 10 отсто, се договориле на денешниот состанок премиерот Христијан Мицкоски и претставниците на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита и Самостојниот синдикат на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
Самостојна изложба на Благојче Наумоски - Бане во Уметничката галерија во Куманово Изложбата „Енергија на светлината“ на Благојче Наумоски Бане, ќе биде отворена утре во 20 часот во Уметничката галерија во Куманово.
Кумановo меѓу најзагадените градови во државата Куманово околу 19 часот беше најзагаден град во земјата. Концентрацијата на ПМ честичките беше 212 mg/m3, што е за 5,5 пати над дозволената граница 50 микрограми на еден метар кубен.
Инспекторката фатена со мито, од притвор однесена во приватна болница, се жалела на влошена здравствена состојба Градежната инспекторката вработена во Општина Куманово, која пред три недели беше фатена како прима мито од граѓанин, од притворот во затворот К`шање е префрлена на лекување во приватна клиника во Скопје.
За три месеци 156 казни за непрописно паркирање и 1.560 подигања со пајак во Куманово 156 возачи се казнети за погрешно паркирање и 1.561 возило било подигнато од пајак службата на ЈП „Куманово-паркинг“, за месеците август, септември и октомври, на територијата на СВР Куманово.
Дел од градот без вода поради дефект на главниот вод на влезот во Куманово Поради дефект на водоводнната мрежа на главниот вод Ф/350 на ул. 11 Октомври, поточно на раскрсницата кон кон автопат Е-75, вчера дел од потрошувачите на повисоките делови на ниска зона останаа без водоснабдување.
Тепачка на свадба во Куманово Мајка и две сестри физички се пресметале со малолетно девојче на свадба во Куманово.
Мигранти од Кувајт и Сирија се криеле во напуштена викендичка во Табановце Полицијата открила 11 мигранти, кои се криеле во напуштена викендичка во кумановското село Табановце.
КАКО ДА НАПРАВИШ ПРОМЕНА КОЈА ШТО ЈА ПОСАКУВАШ? Промените се неизбежен дел од животот, но истовремено и неговиот најголем предизвик. Набљудувајќи го сопствениот живот и сите пресврти низ кои поминав, сфатив едно – најчесто луѓето не се плашат од промените, туку од неизвесноста што тие ја носат.
Кумановец измамен за 200.000 денари, му ветиле биткоини од 14.500 долари Кумановец останал без 200.000 денари, откако се помамил дека ќе добие биткоини за 14.500 долари. Откако видел дека останал без пари, 45 - годишен маж вчера случајот го пријавил во СВР Куманово.
Безбедна за пиење е минералната вода во Проевце Исправнa е водата од чешмите во селото Проевце, покажуваат последните испитувања на Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) Куманово. Микробиолошките лабораториски резултати на „големиот чеп“ покажуваат дека нема присуство на бактерии.
Анета Шандева-Доневска нова директорка на „Куманово- план“, предходната Јакимовиќ- Петковска заминала на Царина Анета Шандева - Доневска, магистер по правни науки, е нова директорка на ЈП „Куманово план“.
„Водостопанство“ го исчисти сметот околу браните Липково и Глажња Вработените во „Водостопанство – Кумановско-Липковско Пoле“ го исчистија сметот покрај браните Липково и Глажња, од каде Куманово се снабдува со вода за пиење.
Повреден 85-годишен пешак во Куманово Едно лице е повредено вчера откако било удрено од автомобил додека движело по улица.
Семафорот во спортската сала во Куманово го згрешил датумот, велат од Левица Спортската сала која со месеци беше најавувана за отворање на Денот на градот сепак не се отвори, и покрај потрошените 10 милиони денари на семафорот и милионите потрошени на реконструкција на салата, велат од партијата Левица.
Приведен кумановец, физички ја нападнал сопругата Полициски службеници од СВР Куманово, вчера во 17 часот привеле 43-годишен кумановец, затоа што физички ја нападнал неговата сопруга.