Костовски: Глас за Димитриевски е глас за ВМРО-ДПМНЕ
Низ Куманово со денови се зборува дека Димитриевски веќе го поделил и колачот со ВМРО-ДПМНЕ ветувајќи им вработувања, директорски места и раководни позиции во општината во училиштата и во јавните претпријатија, ако тој победи. Дури и оние кои до вчера имаа некои дилеми, денес им е веќе разјаснето. Работата е кристално јасна – Максим Димитриевски е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, глас за Димитриевски е глас за ВМРО-ДПМНЕ, истакна на прес конференцијата Марин Костовски , пратеник од СДСМ од Куманово.