Кумановец починал во затворот Идризово Вчера во 09.50 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправната установа Идризово било пријавено дека починал затвореникот Н.А.(31) од Куманово. (Фото:МКД.мк)
Во Куманово нови 4 случаи на ковид-19 Во последните 24 часа се направени 3.658 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на ковид-19. По градови во: Скопје – 15, Тетово – 8, Куманово – 4, Гостивар – 3, Кичево – 2, Битола, Струмица, Кочани, Радовиш и Дебар - по 1.
Ставен под контрола пожарот во Кокино откако во гаснењето се вклучија хеликоптери Пожарот во селото Кокино, Општина Старо Нагоричане е ставен под контрола откако хеликоптери на Армијата денеска напладне околу еден час се вклучиле во гаснењето на огнот. Хеликоптерите интервенираа откако утрово локалните пожарникари алармираа дека тие самите не можат да се справат со огнената стихија поради непристапниот терен.
Бензините од ноќеска поскапи за 2 денари, дизелот за 3,5 денари Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,36 отсто во однос на предходната одлука.
Пожарот во Кокино делумно локализиран, во Мургаш изгаснат Пожарот во село Кокино, Општина Старо Нагоричане делумно е ставен под контрола, а еден дел од шумата се уште гори.
Денеска се празнува 2 Август – Ден на Републиката и Илинден Денеска се одбележува 2 Август-Денот на Републиката и Илинден, односно 118 години од Крушевската република и 77 години од Првото заседание на АСНОМ.
За 4 часа казнети 60 возачи за брзо возење на територијата на СВР Куманово Денеска во периодот од 08.00 до 12.00 часот на подрачјето на СВР Куманово спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната. Притоа санционирани се 60 возачи.
Се зголемува бројот на новозаболени од коронавирус, во Куманово регистирани уште 14 случаи Во Центарот за јавно здравје во Куманово регистрирани се 14 нови случаи на ковид-19 од вкупно 72 во земјава. Кај нас во моментот има 71 активен случај.
За Илинден Заев на прославата во Пелинце Премиерот Зоран Заев, по повод 2 Август – Денот на Републиката (Илинден) ќе присуствува на прославата во Пелинце.
Нападната вработенa во Ургентниот центар во Куманово Вработена во Ургентниот центар во Куманово пријавила дека била нападната додека била на работното место. Инцидентот се случил вчера околу 15 часот, по што случајот бил пријавен во полиција.
Казнети 63 возачи за пребрзо возење Денеска од 14 до 20 часот полициски службеници од СВР Куманово спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната. На територијата на СВР Куманово санкционирани се 63 возачи.
Волонтери на Црвен крст Крива Паланка делеа вода и совети за топлотниот бран Волонтери од Општинската организација на Црвен крст Крива Паланка делеа шишиња вода на населението и даваа совети за заштита од топлотниот бран кој деновиве ја зафати државата.
Царовска: Учениците ни се важни, затоа создаваме квалитетно образование во целата држава Министерката за образование и наука Мила Царовска и министерот за внатрешни работи денеска го посетија ОУ „Христијан Карпош” во Куманово, каде во тек се градежни работа за реконструкција на училишната зграда.
Возачот кој усмрти пешак на „Трета МУБ“ возел под дејство на алкохол, соопшти Обвинителството Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка за сообраќајната незгода што се случи на 28. јули на бул.„Трета МУБ“ во Куманово. Во сообраќајката патничко моторно возило Форд Фиеста удри во тројца пешаци, при што едно лице го загуби животот, а две лица се со здобиени телесни повреди.
Тројца повредени при судир на мотоцикл и автомобил на „Октомвриска“ Уште три лица по полноќ се повредени во сообраќајна несреќа на булеварот „Октомвриска револуција“, при судир на мотоцикл и автомобил.