18-годишно девојче загина, а двајца се повредени во сообраќајка на автопатот Куманово-Скопје Осумнаесетгодишно девојче од Куманово загина, а две лица се повредени, во сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Куманово.
АНАЛИЗА: Платата наспроти трошоците – за основна живејачка потребни се 554,5 евра месечно Расте просечната плата во државата, но растат и трошоците на живот. Според статистиката во мај годинава во споредба со истиот месец лани просечната нето плата се зголемила за 8,8%, пишува „Порталб“. Податоците од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), пак, покажуваат дека вредноста на „минималната синдикална кошничка“ се зголемила за скоро 12 евра во јуни годинава во споредба со истиот месец лани
Осум нови пожари во Куманово Нови осум пожари се регистрирани во поширокиот кумановкси регион соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активирани се пожари во селата Зубовце, Сопот, Четирце, Зебрњак, Лојане, Орашац, Довезенце, Бељаковце.
СВР Куманово апелира граѓаните да не палат отпадоци, меѓи, стрништа По многубројните пожари на подрачјето на Куманово, Секторот за внатрешни работи Куманово апелира до граѓаните, особено земјоделците, да не ги палат отпадоците, меѓите и стрништата на нивите.
Во Куманово 20 новозаболени од коронавирус, 90 активни случаи Во последните 24 часа се направени 4.713 тестирања, а регистрирани се 219 нови случаи на ковид-19. По градови во:Скопје и Тетово – по 65, Куманово – 20, Гостивар – 19, Струмица – 7, Кичево – 6, Битола, Струга, Берово и Виница – по 4, Прилеп и Кочани – по 3, Велес, Кавадарци, Штип, Радовиш и Дебар – по 2, Охрид, Ресен, Македонска Каменица, Македонски Брод и Пехчево – по 1.
Попладне локален пороен дожд и грмежи, утре пониски температури Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, претпладне со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од југозападен правец. Во попладневните и ноќните часови ќе има зголемена облачност, локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Конкурсот за реонски попишувачи и инструктори продолжува до 12 август Поради летните одмори, Конкурсот за ангажирање на реонски попишувачи и инструктори во претстојниот Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, е продолжен до 12 август.
Уште гори Липац во Горно Јачинце Се уште не е изгаснат пожарот на м.в. Липац во селото Горно Јачинце, информираат од Противпожарната единица Куманово. Командирот Дејан Илиевски, вели дека пожарот е на непристапно место и до него нема пат, поради што не може да се дејствива со возило, туку исклучиво рачно.
Исчезна жена во пожар во селото Челопек Жена од селото Челопек, Општина Старо Нагоричане се води за исчезната откако куќата во која живеела попладнево била зафатена со пожар. Мештаните се сомневаат дека таа настрадала кога се сокрила во подрумот обидувајќи се да се спаси од пожарот што го зафатил дворот, но никој официјално не ја потврдува информацијата.
Повторно се разгорел пожарот во Мургаш Пожарот во кумановското село Мургаш повторно е активен, откако околу пладне бил ставен под контрола. Од Територијалната противпожарна единица Куманово, велат дека тие во текот на ноќта и утринава го изгаснале пожарот, но добиле дојава од мештаните дека тој повторно се разгорел.
Пожарот од Дренак се шири кон Дејловце Пожарот во селото Дренак, Општина Старо Нагоричане, се шири кон соседните села Аљинце, Жељувино и Дејловце, информираат припадници на полицијата кои се на терен.
Oбјавени конкурсите за ученички и студентски стипендии Министерството за образование и наука информира дека се објавени конкурсите за доделување на ученички и студентски стипендии за учебната, односно студиска 2021-2022 година.
МТСП:Во тек е исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита (сите парични прaва) за месец јули2021 година.
Ставен под контрола пожарот во Мургаш Пожарот кој веќе два дена беснее помеѓу кумановските села Мургаш и Горно Јачинце, утринава е ставен под контрола и нема опасност да се прошири кон околните села, соопштуваат од Територијалната противпожарна едниница Куманово.
Совети за превенција и заштита од шумски пожари Постојат две причини за шумските пoжари, од кои едната е човечкиот фактор, а другата природниот фактор.
Пошумувањето во земјава на рекордно ниско ниво, ќе нема кој да се бори со климатските промени Пошумувањето на нови површини во земјава опаѓа во изминатава деценија. Во 2020 година во Македонија биле засадени нови дрвја на површина од 569 хектари, што е второ најниско ниво во изминатава деценија по 2017 година, кога биле пошумени 553 хектари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.