За една недела 12 заболени од грип во Куманово Најголем број на заболени од грип изминатиот месец се регистрирани во Центарот за јавно здравје во (ЦЈЗ) Куманово.
Улични атлетски трки по повод 11 Ноември Општински сојуз на спортови и Атлетскиот клуб Куманово, во недела организираат три улични атлетски трки, по повод 11 Ноември - Денот на ослободување на Куманово.
Ќе се затвори дел од улицата „Гоце Делчев“ за да се постави бина за концерти Централното градско подрачје на Куманово од вечерва до недела ќе биде под изменет сообраќаен режим, поради одржување на концертите по повод Денот на ослободување на Куманово.
Дечињата од градинката „Ангел Шајче“ направија слет за празникот на градот Над 400 дечиња од големата група од градинката „Ангел Шајче“, учествуваа на слет „Ние сме ветрот на бесконечноста“, по повод 500 години постоење и Денот на ослободување на Куманово.
Ромски фолклорен фестивал ќе сеодржи во Куманово Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, утре со почеток во 18 часот ќе се одржи 18-ти Ромски фолклорен фестивал, во организација на ансамблот на народни ромски игри и песни „Рушит Шакир“, Куманово.
Променети околу 40 отсто од уличните светилки во Куманово Околу 40 отсто од светилките се променети во Куманово и селата, откако приватна фирма започна со одржување на јавното осветлување во градот, велат од Општина Куманово.
Концерт во чест на композиторот Трајко Прокопиев Во малата сала на Центарот за култура во Куманово, вечерва во 20 часот, ќе се одржи концерт со дела на композиторот Трајко Прокопиев, по повод 5 века постоење на Куманово, како и одбележување на 110 години од раѓањето и 30 години од смртта на великанот на современата македонска музика.
Изложба на портрети на кумановските градоначалници Во салата на Занаетчискиот дом во Куманово, отворена е изложба на портрети на градоначалници на Куманово, од ликовниот уметникот Борче Тодоровски од Прилеп.
Претставата „Дневникот на лудиот“ вечерва во Центарот за култура Во Центарот за култура "Трајко Прокопиев" во Куманово, вечерва во 20 часот ќе се игра претставата, односно монодрамата, "Дневникот на лудиот" од Николај Гогољ, во режија на Ѓорѓи Ризески, а во изведба на Бобан Алексоски.
Познати добитниците на Ноемвриската награда Пет Ноемвриски награди оваа година ќе додели Општина Куманово, од вкупно 28 предлози, колку пристигнале до Комисијата за одбележување празници и манифестации
Фатени крадци на „Октомвриска револуција“ Полициски службеници од СВР Куманово, утринава во 4 часот по полноќ, на бул.„Октомвриска Револуција“ ги лишиле од слобода Б.Б.(47) и В.Д.(39), двајцата од Куманово, поради сторено кривично дело „тешка кражба“.
До понеделник ќе биде пуштен во употреба кружниот тек на влезот во Куманово До Денот на ослободувањето на градот, односно до празникот 11 Ноември, се очекува да заврши изградбата на кружниот тек на крстосницата на улиците „11 Октомври“ и „Трета МУБ“.
Основците засадија дрво и учествуваа на квиз по повод 5 века постоење на Куманово Ученици од осум основни училишта од Куманово, денеска засадија дабово дрво во близина на споменикот „Жена борец“, по повод 5 века постоење на градот.
Во Куманово 50 возачи возеле пијани На подрачјето на СВР Куманово преземени се мерки и активности и констатирано е дека 56 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, од сообраќај се исклучени 74 возачи.
Бобан Бојковски нов претседател на ЛДП Куманово Бобан Бојковски избран e за нов претседател на Општинскиот одбор на општинската организација на ЛДП – Куманово.
Мицкоски: По 12 април ќе има одговорност и пред законите и пред граѓаните Апелирам да надвладее мудроста, трпението, да не го делигитимираме оној последен лидерски состанок – порача лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој денеска оствари средба со граѓаните на Куманово, потенцирајќи дека Коалицијата за обнова на Македонија останува на ставот изборите да се одржат на 12 април.