Хит претставата „Мој термин“ вечерва на Денови на комедија Актуелната хит-претстава „Мој термин" во режија на Синиша Евтимов, а е работена по мотивите на Лорен Бафи и Висенте Виљануева, во изведба на Македонскиот народен театар Скопје, вечерва во 20 часот ќе биде прикажана во Центарот за култура "Трајко Прокопиев" во Куманово.
Еколошката акција „Биди ин, биди фин, користи Recycle Bin” утре во Куманово На Градскиот плоштад во Куманово утре (сабота) во 12 часот ќе започне еколошката акција „Биди ин, биди фин, користи Recycle Bin”, со цел да се исчистат повеќе делови во центарот на градот.
Паднал од мопед и тешко се повредил На локалниот пат Слупчане-Ваксинце, вчера во 15.30 часот, кај место викано „Чешмиче“, Општина Липково, Х.Б.(58) од Прешево, Србија, управувајќи мопед, изгубил контрола и паднал на коловозот.
Откријте што најмногу ги интересира тинејџерите! Овие изданија се нова возбуда и задоволство за младите читатели, зашто изобилуваат со приказни од училиштето и секојдневието кај младите индивидуи.
Крводарителска акција организира Аеро клубот Куманово Аеро клубот Куманово, денеска од 14 до 18.30 часот, организира крводарителска акција, по повод 11 Октомври - Денот на народното востание.
Изложба „Творештвото на зографите од ХIХ и почетокот на ХХ век во Кумановско“ Во Уметничката Галерија во Куманово, вечерва во 19.30 часот ќе биде отворена изложбата “Творештвото на зографите од ХIХ и почетокот на ХХ век во Кумановско“.
Лепа Брена и Џенан Лончаревиќ ќе пеат за Денот на ослободување на Куманово Балканските ѕвезди Лепа Брена и Џенан Лончаревиќ, ќе настапат на прославата по повод 11 Ноември - Денот на ослободување на Куманово.
Илија Струмениковски лауреат на „Денови на комедија“ Актерот Илија Струмениковски е лауреат на годинашното издание на Меѓународен театарски фестивал „Денови на комедија“ во Куманово.
Во љубовта треба да се истрае- порака која ја носи хрватската претстава Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, кумановци синоќа во рамките на фестивалот „Денови на комедија“ имаа можност да ја погледнат хрватската претстава „Љубоф“, во режија на Горан Рибариќ.
УХМР со предупредување за поројни дождови Во текот на попладневните часови и во текот на ноќта се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопштуваат од Управата за хидрометереолошки работи.
Третина од угостителските објекти во градот немаат дозвола за летни тераси 25 угостителски објекти во градот немаат дозвола за поставување на урбана опрема на привата и јавна површина. Од вкупно 70 колку што поднеле барање до Сектор за комунална инфраструктура и животна средина, само 45 ги исполниле условите, додека на останатите се одбиени.
Кумановец изготвил лажни купопродажни договори за камиони Кумановската полиција поднесе кривична пријава против С.Т.(42) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело фалсификување исправа и продолжено кривично дело употреба на исправа со невистинита содржина.
СДСМ: Го решивме деценискиот проблем со недостиг на лекови Пред градската аптека во Куманово, СДСМ денеска одржа прес конференција, по повод спроведување на мерката за укинување на квотите на лековите на рецепт.
Отворен Меѓународниот фестивал „Денови на комедија“ во Куманово На големата сцена во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, синоќа започна 22. Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“ во Куманово.
Во „Перо Чичо“ отворено ново детско игралиште Во населбата „Перо Чичо“, синоќа беше пуштено во употреба детското игралиште, второ од вкупно 15 кои се градат од донации на членовите на извршниот одбор на општинската организација на СДСМ Куманово.
Исчезна 14 годишно девојче Малолетно девојче исчезнало од домот на нејзините родители од липковското село Оризари.