Хоризонталното обележување на улиците во Куманово ќе чини 50.000 евра Хоризонталното обележување на улиците во Куманово чини близу 3 милиони денари, односно нешто помалку од 50 илјади евра. Општина Куманово склучи договор со фирмата „Виа Сигнал“ од Скопје преку поедоставена отворена постапка на оглас, распишан на 10 јуни годинава.
Украдена опрема од ФК „Карпош“ Непознати сторители насилно го отвориле објектот на ФК „Карпош“ и украле опрема.
Советничката Љуљета Милаими од СДСМ премина во Демократското движење на Изет Меџити Љуљјета Милаими од СДСМ, членка на Советот на Општина Куманово премина во Демократското движење на Изет Меџити, кое е дел од коалицијата Вреди, која пак е во коалиција со партиите ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ на централно ниво.
На Куманово му недостигаат 33 пожарникари, Старо Нагоричане со најстар возен парк, Липково нема противпожарна служба Во кумановската Противпожарна единица недостигаат 33 пожарникари за целосна екипираност на единицата, согласно законски пропишаниот минимум, покажа истражувањето на Центарот за граѓански комуникации од минатата година. Состојбата не е сменета ни оваа година.
Донација вредна 17.000 евра од романската амбасада за гинеколошкото одделение во Кумановската болница Гинеколошкото одделение на Kумановската болница доби нова сонда за дијагностика, која се користи за преглед на бремени жени во првото тримесечие и рана детекција на тумори на јајници или мала карлица кај останатите пациенти. .
Ноќеска изгоре автомобил во Куманово Автомобил „ауди“ ноќеска се запалил и изгорел додека бил паркиран на улица во Куманово.
Пожарот гo спречи одржувањето на „Бдеење на кокински мугри“ Откажан е традиционалниот поетски митинг „Бдеење на кокински мугри“ поради големите пожари кои го зафатија тој дел од општина Старо Нагоричане.
Кај 30 од 60 прегледани во Куманово се откриени оштетувања на црниот дроб во мобилната амбуланта Од 60 прегледани граѓани во мобилната амбуланта за бесплатни скрининг прегледи на црн дроб во Куманово, 30 имале проблеми со црниот дроб, за кои не знаеле.
Полициски хеликоптери фрлија над 110 тони вода врз пожарите во Старо Нагоричане и светиниколско Одделот за воздухопловни единици на МВР со два хеликоптери од раните утрински часови и во текот на целиот ден дејствуваше на повеќе места каде што имаше пожар и тоа, реонот на општина Старо Нагоричане и реонот на Свети Николе.
75-годишен жител на Кокошиње настрада во пожарот кој му ја зафати куќата С.П.(75) од кумановското село Кокошиње починал од повреди задобиени во пожар кој ја зафатил неговата куќа. Од огнот била спасена неговата сопруга, која од куќата ја извлекол нивниот внук.
Полицаец повреден со нож додека интервенирал при масовна тепачка во центарот на Куманово Полициски службеник е повреден со нож, синоќа додека интервенирал при масова тепачка во центрот на Куманово, пред згрдата на „Комитет“.
Борба против криминалот и корупцијата во затвор Куманово, најави новиот директор Цветковски Борба против криминалот и корупцијата, квалитетна ресоцијализација на осудените лица и подобрување на условите за работа и за престој во Казнено-поправната установа затвор „Куманово“ со отворено одделение Крива Паланка, најави новиот директор Оливер Цветковски, при преземањето функцијата во затвор К`шање.
Пожарот од Малотино со помош на ветрот се шири на непристапен терен кон М`гленце Пожарот од Малотино се проширил кон М`гленце и Козјачијата, во општина Старо Нагоричане. Се уште се активни и пожарите во К’шање и Кокошиње.
Повозрасно лице починало во пожар во Кокошиње Повозрасно машко лице од селото Кокошиње починало, најверојатно од задушување со чад од пожарот кој попладнево го зафати селото, а неговата сопруга е успешно евакуирана.
Повреден мотоциклист, при судир на мотор и автомобил Едно лице е повредено и пренесено во болница, по судир на мотоцикл и автомобил.
Бесплатен скрининг за црн дроб денеска попладне на градскиот плоштад во Куманово На градски плоштад во Куманово денеска од 17:30 - 19:30 часот ќе се спроведе бесплатен и анонимен скрининг за хепатит Б, Ц и ХИВ, како и еластографија за проценка на црниот дроб.