×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Билет за култура

    Сашо Тодоровски

    Пред четири дена во нашиот град заврши фестивалот Денови на комедија, по кој Куманово стана и ќе станува препознатлива културна точка во Македонија. Овие Денови на комедија покажаа дека кумановската публика сака театар, а актерите ја сакаат и почитуваат кумановската публика. Како што и во неколку наврати скоро сите актери кажаа, имате прекрасна и театарски образована публика. Како менаџер на институцијата која ги направи овие Денови на комедија заедно со својот тим можам да истакнам дека билетите за претставите се продадоа во првите два дена по пуштањето во продажба. Годинава во слободна продажба пуштивме над 90 отсто од картите, а идната година ќе се обидеме да го зголемиме тој број. Овој фестивал е за публиката и сите билети ќе бидат достапни за публиката.

    Ние како Центар за култура ќе се обидеме идната година овој настан да биде уште поуспешен и поквалитетен, а исто така размислуваме да вклучиме и други дополнителни културни активности поврзани со актерството, со театарот, кои ќе бидат пропратни елементи во текот на целиот фестивал. Ќе имаме тркалезни маси со актери, критичари, режисери кои ќе не поттикнуваат, луѓе од кои ќе учиме и ќе го усовршуваме фестивалот. Комедијата како жанр заслужува многу повеќе внимание и тоа ќе се обидеме да го направиме следната година. Исто така сакаме како институција да се поврземе со училиштата во нашата општина се со цел да ги поттикнеме младите и учениците да доаѓаат на културните настани кои ги организира нашата институција и заеднички да создадеме млади луѓе кои ќе ја сакаат и почитуваат културата, луѓе кои ќе ни помагаат и луѓе со кои секако ќе соработуваме.

    Како институција која ја промовира културата, а веќе 15 години нема систем за греење, ќе направиме се институцијата Центар за култура „Трајко Прокопиев“ да го добие истиот систем, односно да се реконструира за да можеме да функционираме во текот на целата година и да може да организираме настани и во зимскиот период. Настани преку кои ќе бидеме достапни за граѓаните се со цел да реализираме повеќе културни проекти.

    Во состав на Центарот за култура се наоѓа и Театар Куманово кој е исто така во незавидна положба, и убеден сум дека и таму ќе успееме да ги подобриме работите се со цел тој Театарот повторно да застане на нозе, да го врати својот сјај, повторно да има квалитетна продукција и претстави, кои ќе траат и кои ќе се играат. Имаме одлична актерска екипа во која фунционираат македонски и албански театар кои максимално се посветени на секоја улога која ја играат.

    Во иднина ќе мора да ја искористиме културата како една достапна и интересна алатка за да создадеме општество кое ќе биде поинакво, општество кое ќе понуди можности за секој, опшстество кое ќе создаде мислечки луѓе за подобар и поубав свет.

    Сашо Тодоровски Сашо Тодоровски, портпарол на СДСМ Куманово.

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*