×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Клупа без дрво

    Сашо Тодоровски

    Клупа со дрво, без дрво, бетонска, метална... Или можеби подобро воопшто да ја нема.

    Ајде пријатели сите да прошетаме по градот и да замислиме дека во градот нема ниту една клупа за седење, ниту една корпа за отпадоци, ниту еден контејнер... Да тоа би било најверојатно нормално, но само доколку во тој град или место нема луѓе. Но има. Во Куманово има луѓе. И тоа луѓе кои знаат, можат и сакаат да живеат во поубав град. Луѓе со идеи, од разни области кои му мислат добро на нашиот град. И сите тие луѓе не смеат и не треба да молчат, туку треба активно да се вклучат во изнаоѓање решенија за добробит на секој од нас.

    Деновиве сите бевме сведоци дека недоставуваат дрвените елементи од клупите кои се поставени во градот. Некој можеби ќе рече, па што, недостасува и многу друго па не се буниме, не критикуваме. Точно е, недостасува многу, но и она што го имаме не знаеме да го сочуваме или несвесно и намерно го уништуваме. Уништуваме нешто кое го немавме, а сите постојано баравме да го има. Кој и да го направил тоа, кој и да ги извадил дрвените конструкции од клупите, кој да ги чкрта урбаните простори во градот ( а не се графити), кој и да ги пали контејнерите по градот додека зборуваме за големото загадување од кое сите сме погодени, кој и да ги бутка корпите за отпадоци, во тие моменти треба сите да се запрашаме зошто е тоа така. Што недостасува за да тоа не биде така и не се повторува повторно и повторно? А се повторува. Деструкцијата кон она што е наше и треба да го сочуваме се повторува и повторува, а мора да најдеме начин да ја спречиме.

    Дали е тука едукацијата во училиштата и дали треба малку повеќе да се поработи на воспитување и на едукација во тој поглед на младите луѓе кои понатаму ќе ги шират тие идеи и ќе ги спроведуваат во дело.

    Нешто како општество треба да превеземеме. Најлесно е да осудиме, и да го впeриме прстот кон некој и да кажеме да тој е виновен, но мислам дека многу попотребно и понеопходно е да дојдеме до причината заради која се случува ова што ни се случува. Како град имаме проблем и со кучињата кои ни криви ни должни се нашле во нашиот град. Но потребно е и за нив да се погрижиме и да се најде соодветно решение во согласност на законите и легислативите кои моментално важат во нашата држава.

    Многупати сум поминал по улица и гледам запалени контејнери. Ужасна глетка и уште поужасен чад кој го вдишуваме. Тоа не смее да ни се случува. Таква работа колку и да изгледа смешно и незначителна  не е одлика на човек кој живее во урбана заедница и има општествена одговорност кон сите што живеат заедно со него во тој град. Убеден сум дека можеме да ги средиме овие работи, да поттикнеме на размислување, да се вклучиме сите во создавање на едно убаво општество, на убав град, зошто многу работи зависат и од нас самите.

    Конкретно за депонијата пред влезот на населбата „Перо Чичо“, која секојдневно се „создава“ и се чисти. Едноставно таа енергија коja се употребува за тоа можеме да ја искористиме многу покреативно. Само треба да сакаме, секој отпадок што го имаме да го фрлиме таму каде што му е местото, се со цел да се сочуваме и себе и градот. Не мораме да бидеме Шведска или Данска за да почнеме да се однесуваме како нив. Работата е едноставна да престанеме да ги практикуваме лошите навики, а секој кој може во својот делокруг на дејствување да се обидува да ги смени работите. Мораме така, со советување, со укажување, па доколку е неопходно и со казни, за да не ни се случи еден ден да се разбудиме сите во една колективна несреденост од која тешко ќе се извлечеме. А во моментов не сме далеку од тоа. За жал. Затоа треба да работиме и да се обидеме да направиме нешто од овој град сите заедно.

    За крај би сакал да повикам како раководно лице на Центарот за култура во Куманово дека стојам секогаш заедно со институцијата на располагање на секој кој сака да организираме акција, трибина, настан со кој ќе укажуваме и ќе спроведуваме активности кон и за поубаво Куманово. Во секој поглед - културен, еколошки, од било кој аспект се со цел да ја анимираме јавноста и да допреме до секој наш граѓанин. Вашите и наши идеи да ги реализираме и да ги претставиме пред граѓаните.

    Сашо Тодоровски Сашо Тодоровски, портпарол на СДСМ Куманово.

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*