×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово сака култура

    Сашо Тодоровски

    Кумановци отсекогаш сакале и сакаат култура, културни настани и се што е поврзано со културното живеење во нашиот град. Тоа го покажува и нашето минато, тоа го покажуваат и успешните настани со кои Куманово како град се гордеел и пред триесет и четириесет години, со културните работници и уметници кои секогаш биле главна карика во постоењето на нашиот град. Тоа го покажува и публиката. Куманово имало, има и ќе создава луѓе од културата се со цел на тој начин да го воздигнеме нашиот град и да бидеме актуелни во приклучокот кон светот.

    Како град отсекогаш сме имале префинета публика и публика која знае да го препознае и почитува вистинскиот културен настан. Настан кој воодушевува, воздигнува и не тера на размислување, акција и активно делување што е и една од основните есенцијални идеи на културата. Преку развивањето на културата се развива и самиот народ и цивилизација, затоа не смееме да назадуваме туку мора да напредуваме. Само со воздигнување на културата ќе се вброиме во семејство на народите кои градат и почитуваат цивилизациски придобивки. Секако дека недостасува уште многу, недостасуваат и ресурси и луѓе и финасии, но мораме сите заедно да се заложиме културата да биде нешто кое е врвен приоритет и на градот и на државата. Во овој период скоро сите кои гостуваа во Куманово, дали тоа беа актери, пејачи, режисери сите го потврдија истото. Куманово има одлична публика, публика која бара, знае да даде аплауз и публика која го наградува вистинскиот квалитет.

    Очекувам како човек помош од секој, од секој кој е расположен да ја унапредуваме културата, да ги збогатуваме културните настани и да ги поддржуваме. Очекуваме и позитивни промени во ресорното Министерство за култура, за да започне и тој мотор да функционира беспрекорно, се со цел да бидат задоволени сите аспекти од културното живеење во нашава земја. Секако дека за тоа се потребни и поголеми финасии и поддршка, бидејќи нема квалитетна понуда во културата без ефективна финасиска поддршка, која очекуваме во следниот период да се зголеми. Куманово оваа 2019 е град на културата и освен културните настани очекуваме да создадеме и да реaлизираме проекти кои ќе останат за градот, а кулминацијата ќе ја доживеат во месеците октомври и ноември, кога ќе ја прославиме 500 годишнината од Куманово. Во сите тие процеси се вклучени голем број на наши сограѓани, културни работници кои учествуваат во подготовките за да имаме успешен краен резултат. Културата мора да биде достапна за секој, за помладите и повозрасните. Како институција сме отворени за соработка и уште еднаш ги повикувам сите заинтересирани да се дојдат да се приклучат, да ги понудат своите идеи и заеднички да ги реализираме.

    Секако Куманово заслужува и нов реконструиран Театар, бидејќи сегашниов со старото руво, како и актерските екипи, кои таму ја создаваат уметноста, заслужуваат комплетна реконструкција на истиот која што е и одобрена. Исто така во подготовка е проект и за реконструкција на системот за греење во зградата на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, се со цел да создадеме услови за работа и создавање на култура во текот на сите дванаесет месеци од годината.

    Секако има и работи кои недостасуваат на нашиот град, а тоа за почеток е пред се кино сала која ќе биде со сите пропратни елементи, и очекуваме дека во иднина ќе се изнајдат средства и луѓе се со цел тоа да се реализира. Куманово како град има простори во градот кои се запуштени и истите доколку им се посвети внимание и доколку се обезбедат пари од некои надворешни странски фондови може да се ревитализираат и да бидат оддржливи за да може таму да се создава и возобновува некоја алтернативна култура која би ја понудиле на остатокот од светот. А во светот е премногу актуелна и оддржлива. Западните искуства покажуваат дека таму сите тие простори се максимално искористени. Треба време, љубов идеја и финансии, за да може да го направиме тоа и кај нас. Во секој случај нема да е на одмет да се потрудиме и да се обидеме да започнеме нешто такво.

    Сашо Тодоровски Сашо Тодоровски, портпарол на СДСМ Куманово.

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*