×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Лажен патриотизам - лажни вести

    Митко Бојмацалиев

    Една деценија народот беше заложник на скапо платен лажен патриотизам. Една деценија ни се продаваше ветер и магла под плаштот дека се што се прави во државата е патриотизам и без него нема да не биде. Не убедуваа ако не го поддржиме нивниот  патриотизам ќе останеме без држава, без нација, без се... Но, крајот нешто друго се покажа. Без лажниот патриотизам останаа само неговите промотери и тој без нив, а народот продолжи да живее и во истата држава и со истата националност.  Откако се  симнаа од тронот, отидоа долу и ги стигна казната од оние на кои им го продаваа лажниот патриотизам и дел од оние кои платија ама скапо платија за тој патриотизам.

    И сега, кога дојде редот тие да платат за она што го продаваа, оп си најдоа нова работа, го баталија патриотизмот и започнаа да тераат кампања со лажни вести. Си прават претстави секој  ден, па од 3 лаги 1 ќе им успее, и ако успее ја повторуваат дур нова не пуштат. Секојдневните пресови се нова лага, секое соопштение е нова лага, па и секоја интерпелација, секое пратеничко прашање им е нова лага... Абе другари точно од Велес му помогнаа на Трамп со лажни вести ама вас тешко дека ќе ви помогне тоа. Овие лаги кои вие ги пласирате лесно се видливи, лесно се препознатливи, ве научи народот дека нема ништо вистинско во вас, се е лага, лага и само лага.

    Со лаги, опструкции и кочење на работите не можете да дојдете на власт, не можете да го спречите патот да оди државата напред. Дај помирете се и поддржете го онаа што е за добро на сите дај бидете критични кон власта ама со вистински работи, кои реално се случите, тоа е работа на една здрава опозиција на државата т.е. на власта и треба здрава опозиција за државата да оди напред. Со лажните вести се лажете само повеќе себеси отколку другите, нит си помагате себесе нит на државата, а реално нит ја рушите оваа власт.

    Лаги лаги и само лаги на разни полиња!

    Митко Бојмацалиев Митко Бојмацалиев

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*