×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се бориме за демократија, ама потајно се радуваме на анархија?

    Митко Бојмацалиев

    11 години бегаа од дебати, одеа на одбрани телевизии,  се фалеа меѓу себе, но само со бегството на една личност прозбореа, се искритикуваа, се извинуваа,  едноставно си ја отворија душата...

    Стравот од правдата и предавството ги однесе во друг правец. Пред две години никој не би рекол дека некој од нив ќе добие правосилна пресуда за издржување на казна затвор, никој не би рекол дека ќе се плукаат меѓу себе за работата, или оние кои го мислеа тоа беа многу малку кои искрено веруваа во оваа што денес се случува.  Ова  општество има проблем со верба во една или друга политичка партија и нема трпение за остварување на работите за кои треба време и поддршка.

    Она што 11 години не можеше да се чуе и да се види денес е многу нормално, критиката за власта и критиките меѓу себе се секојдневие, не е нешто што не се слуша или ако се чуе веднаш да го снема од политичката сцена.  Бараме власта да не се меша во судството, бараме полицијата и сите останати да работат по законот. Но, кога нешто ќе се случи веднаш сите удираме по власта, па и таа кога постапувала во согласност со законот и Уставот, само заради тоа што тоа нас не ни се допаѓа, не ни го полни егото, само затоа што не може да се радуваме на туѓата несреќа. Улогата на институциите во едно демократско општество е да работи врз основа на строго предвидени правила и норми. Се друго е авторитарно делување. Македонија не е авторитарна, туку демократска држава. Нели се боревме за демократска Македонија?

    Крајно време е сите да си го гледаме својот двор и да се грижиме да не се затрупа со жолтите есенски лисја, да го исчитиме и да не се надеваме дека ќе падне снегот ќе ги покрие трагите. Бидејќи ќе дојде пролетта ќе искочи скапаниот лист во нашиот двор и новиот зелен во комшискиот двор, сите повеќе ќе го сакаат новиот зелен лист. Затоа  време е за чист двор и убава зелена пролет, тоа им е потребно на граѓаните тоа е потребно за нашата татковина.

    Не заборавајте како беше, како се боревме, како дојдовме до тука, како едноставно се поддржувавме и во добро или лошо. Така треба и да продолжиме со поддршка и во добро и во лошо со исчистен жолт лист и спремни за зелениот во пролет.

    Митко Бојмацалиев Митко Бојмацалиев

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*