×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Условена Македонија или Европска Македонија?!

    Митко Бојмацалиев

    Изминатите 12 години ЕУ и НАТО не условуваа за секој чекор напред. Нашите соседи одеа чекор напред ние одевме 2 назад. Конечно се смени таа условена надворешна политика, конечно се усогласија одредени работи со соседите и фативме чекор каков таков и пак заглавивме со услови...

    Сите изборни циклуси се изнаслушавме Македонија во ЕУ и НАТО, се изнаслушавме дека светот мора да не признае како Македонци кои зборуваат македонски, се изнаслушавме дека Македонија ја гледа својата иднина во големото европско семејство, дека мора да сме таму и ние, дека НАТО ни ја гарантира безбедноста, а таа ни е многу потребна, бидејќи економијата се развива и граѓаните имаат бенефит само ако државата е безбедна и економијата добра. Се изнаслушавме дека ЕУ нуди многу неповратна помош, дека се прават патишта, железници, болници, училишта со европски пари и дека нашата земја ќе биде европска и безбедна. И ете, стигнавме до крајот на патот и конечно она што сите го зборуваа и ветуваа дојде време да се остварува. Но, еве, за жал повторно сме условени, но сега не од надвор, туку од самите себе.

    Условени сме од тие што 12 години не можеа или не сакаа да го решат проблемот што не влечеше назад, па сега кога друг најде решение тие не условуваат од внатре со нов, ама овојпат нивен личен проблем, не оној што ги засега граѓаните. Остануваат уште неколку денови да видиме ние граѓаните дали и понатаму ќе останеме условена Македонија, ама овојпат од самите себе или ќе бидеме европска Македонија не условувана од никого и конечно ќе го живееме европскиот сон. Конечно да тргнеме по патот на кој ја постави татковината нашиот прв претседател Киро Глигоров.

    На крајот би кажал, можеби условена и не е соодветниот збор, затоа што можеме и изборна да се наречеме, бидејќи после секој услов следуваат избори. Но, некако, овој пат се мислам дека партијата, онаа што сега условува, нема да се трка на овие избори и како за референдумот оние што не излегле ќе си припишат и ќе се прогласат за “победници“, а онаа другата ќе победи и ќе бидеме европска Македонија.

    Митко Бојмацалиев Митко Бојмацалиев

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*