Кампањата непочната а почната, вистината не кажана а веќе превртена, договор не прочитан а толкуван од сите како прочитан.
Како народ и во минатото сме носеле добри и лоши одлуки притиснати од една или друга пропаганда, но не можеме тој луксуз и сега да си го дозволиме.
Сега е време на големи одлуки, време кога решавме дали одиме напред или се враќаме многу назад. Ние граѓаните ја имаме таа моќ што никој политичар ја нема, пенкалото е во наши раце, тоа пенкало може да не однесе многу далеку, ама за жал може да не врати и многу назад. Назад може да отидеме онаму каде што деновиве сме сведоци преку одредени судења достапни за јавноста што се случувало. Како се барале одредени личности да наместат други, како инспекцијата била во служба на пропагандата, а не во служба на државата. Сега е моментот кога со пенкалото може да го затвориме тоа минато засекогаш, да остане само едно болно минато и да отвориме светла иднина како Македонци.
Пред да одлучиме дали ќе го фатиме пенкалото или ќе останеме дома прво треба да го прочитаме договорот во кој пишува дека јазикот и идентитетот ни се заштитени, дека и понатаму остануваме МАКЕДОНЦИ ама признаени од сите и зборуваме МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ама признаен од сите, мораме да прочитаме дека никаде не пишува дека сме северно Македонци и ќе зборуваме северно македонски јазик. Мораме да прочитаме дека со договорот решаваме нешто што сите сме се бореле да бидеме горди МАКЕДОНЦИ ширум целиот свет. Со пенкало ја носиме Европа кај нас, да не одиме под туѓи идентитети во Европа, туку таа ќе дојде кај нас под наш идендитет и јазик.
Да не подлегнуваме на пропаганди за лични интереси, да го фатиме пенкалото и да заокружиме ЗА европска наша иднина како МАКЕДОНЦИ!
Митко Бојмацалиев Митко Бојмацалиев
*Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*