Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Коронавирусот којшто веќе две години е присутен во целиот свет, се шири преку респираторните капки што луѓето ги исфрлаат кога зборуваат, пеат, кашлаат или киваат. Заштитните маски доколку се носат правилно и се комбинираат со други заштитни мерки помагаат да се спречи ширењето на коронавирусот. Но и покрај важноста на заштитните маски при спречување на ширењето на вирусот, на социјалните мрежи и во 2021 година се ширеа дезинформации кои неодговорно пропагираа да не се носат заштитни маски, а со тоа предизвикуваа штета на јавното здравје
Фото: pixnio.com
Пишува: Симона Атанасова
Голем дел од објавите на социјалните мрежи ги убедуваа корисниците да не носат заштитни маски, со образложение дека тие се штетни односно дека предизвикаат недостаток на кислород и таложење на јаглерод диоксид во крвта.
Иако дишењето во прекумерни количини на ЦО2 (CO2) во голем временски период може да биде опасно, малку е веројатно дека пошироката јавност би страдала од овие компликации со носење маска.
Претставник на Центарот за контрола и превенција на болести во САД, за „Ројтерс“ вели дека јаглерод диоксидот може да се наталожи на маската со текот на времето, но дека неговото ниво е во границите на толерантната нормала.
За да докаже дека маските не се штетни, доктор Маитиу О Туатхаил направил експеримент при што носел не една, туку шест хируршки маски и притоа го мерел нивото на кислород во својот организам. Неговите нивоа на кислород во текот на целиот период биле стабилни, односно изнесувале 99 проценти.
Ова тврдење е поврзано со претходното дека маските го намалуваат кислородот, а со тоа предизвикуваат клетките да станат канцерогени.
Но, носењето маска не ве изложува на поголем ризик од рак. Не постојат докази што ја поврзуваат употребата на заштитни маски за лице со ракот, а науката покажува дека сите ризици поврзани со носењето маски се ниски, додека придобивките се високи.
Носењето маска ниту го намалува нивото на pH вредноста на крвта, ниту го афектира крвотокот, ниту на кој било друг начин влијае некој да биде со зголемен ризик од канцер или тумор. Чувството на блага непријатност поради носењето маска нема здравствени ризици.
Носењето на заштитна маска не е причинител за бактериска пневмонија, како што тврдат оние кои заговараат да не се носат заштитни маски.
Нема докази дека маските предизвикуваат габични или бактериски инфекции на горните дишни патишта или на долните дишни патишта како кај пневмонијата, изјави за „Ројтерс“ Дејвидсон Хамер, специјалист за заразни болести и професор по глобално здравје и медицина на Универзитетот во Бостон.
За маските да бидат целосно безбедни за користење тие треба правило да се носат и да се одржува максимална хигиена при нивно ставање, вадење и за време на нивната употреба.
Светската здравствена организација (СЗО) препорачува заштитните маски да се користат како дел од сеопфатната стратегија на мерки кои спречуваат да се пренесува коронавирусот, заедно со други мерки како одржување на физичка дистанца, проветрување, избегнување на гужви и миење раце. Сите овие препораки треба комбинирано да се применуваат за да обезбеди соодветно ниво на заштита од ковид-19.
Во услови каде што вирусот е активен, без разлика на статусот на вакцинација или историја на претходна инфекција, носењето маска што ги покрива носот и устата се препорачува за јавноста при интеракција со поединци кои не се членови на вашето домаќинство:
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар