Фејсбук објава шири дезинформација дека од вакцините се умира
Во нашата држава се аплицирани 1.662.152 дози на вакцини заклучно со 18.11.2021 година. Податоците од Министерството за здравство говорат дека 39 отсто од целата популација во нашата земја има примено вакцина против ковид-19, а 38 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина. Па, според конспирациската теорија којашто тврди дека вакцините предизвикуваат смрт на населението, ова би значело дека само во земјава треба да има значителен број на смртни случаи, кои во реалноста ги нема. Во постот се вели „од вакцините се умира и тоа како.“ Не се вели која е таа бројка, но, ако, „и тоа како“ се умира, тоа значи дека се умира многу, значи голем број смртни случаи, кои не би било можно да се прикријат од која било влада или организација