Во кои држави ја има омикрон варијантата на коронавирусот?
Јужна Африка е првата земја што го пријави во СЗО омрикон сојот на коронавирусот, за кого главната загриженост лежи во шилестиот протеин, кој според првичните информации, има повеќе од 30 мутации па се смета дека е позаразен и полесно се пренесува. Дека омрикон пристигна и во Европа, потврдија Холандија, Белгија и Германија, а го има и во Чешка, Франција, Исланд, Ирска, Италија, Норвешка, Португалија, Шпанија, Швдска, Швајцарија, Луксембург, Грција и во Обединетото Кралство. И Индија ги пријави првите два случаја на омрикон варијантата на својата територија. Случаи потврдени на омрикон варијантата, се пријвени и во Австралија, Боцвана, Бразил, Канада, Хонг Конг, Гана, Израел, Јапонија, Нигерија, Саудиска Арабија, Јужна Кореа, Обединети Арапски Емирати и САД. Со ова, до 4 декември во 38 држави во светот се потврдени случаи на омикрон