×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кои лекови најмногу се користат во битката со ковид-19?

    Кои лекови најмногу се користат во битката со ковид-19?

    Речиси две години во ковид пандемијата светот се бори со заразата како знае и умее. Здравствените власти ширум светот од почетокот на пандемијата и без постоење на вакцина, се најдоа пред голем предизвик: Како да го третираат коронавирусот?

    Матичните лекари против мерката „бонус“ за вакцинирани пациенти

    Матичните лекари против мерката „бонус“ за вакцинирани пациенти

    Наместо еднократна финансиска награда од 30 денари по вакциниран пациент, доколку постигнат опфат од 70 отсто вакцинација на своите пациенти, матичните доктори бараат покачување на капитацискиот бод. Лекарите сметаат дека капитацискиот бод треба да се зголеми од 63 на 90 денари, поради нивните заложби во ковид пандемијата, за кои, како што велат, не добиле никаква помош од државата

    Министерството за здравство не дава 50 бесплатни ќеси за вакцинираните

    Министерството за здравство не дава 50 бесплатни ќеси за вакцинираните

    Рецензираме пост на Фејсбук во кој се вели дека Министерството за здравство ќе дава 50 бесплатни ќеси за вакцинираните против ковид-19. Информацијата е објавена еден ден по стапувањето на сила на употребата на биоразградливи кеси во продавниците. Една ќеса сега чини 15 денари. Текстот е претставен како новинарски жанр вест, а малкумина сфатиле дека е шега, што може да се види и од коментарите под постот. Постот потоа беше споделуван на социјалната мрежа Фејсбук од други корисници кои прашуваа дали навистина Министерството за здравство ќе доделува 50 бесплатни ќеси за вакцинираните граѓани против ковид-19. Трети ја критикуваа владата и Министерството за глупавата мерка.

    Вакцините против ковид не предизвикуваат канцер

    Вакцините против ковид не предизвикуваат канцер

    Податоците од клиничките тестирања и почетокот на вакцинацијата против ковид-19 не покажуваат линк меѓу вакцините и стапката на канцер. Пациентите со малигни хематолошки заболувања во Северна Македонија имаат и официјални препораки од Клиниката за хематологија, да се вакцинираат. Во сите упатства за користење на вакцините, ниеден несакан ефект не е канцер. Повеќето луѓе кои се вакцинираат против ковид-19 имаат благи симптоми кои исчезнуваат за ден или два

    Фаучи не тврдел дека маските предизвикуваат бактериска пневмонија

    Фаучи не тврдел дека маските предизвикуваат бактериска пневмонија

    Д-р Ентони Фаучи и неговите колеги напишале труд во 2008 година, во којшто се утврдува дека жртвите на шпанскиот грип од 1918 година починале од бактериска пневмонија предизвикана од грип. Но, во трудот маскитет воопшто не се споменуваат, ниту, пак, некаде пишува дека тие се извор за бактериска пневмонија. Маските спречуваат ширење на вируси и никако не може да предизвикуваат бактериски пневмонија. Од Светската здравствена организација препорачуваат носењето маска да биде нормален дел од дружењето со други луѓе. Според американскиот Центар за контрола и превенција на болести маските се бариера којашто спречува вашите респираторни капки да стигнат до други лица

    Не може да се споредува ковид вакцинацијата со ,„вбризгување непозната супстанца“

    Не може да се споредува ковид вакцинацијата со ,„вбризгување непозната супстанца“

    Составот на ковид вакцината не е непознат. На официјалната веб-страница на Министерството за здравство, kovid19vakcinacija.mk. може да се прочита составот за сите вакцини против ковид-19 кои се употребуваат кај нас. Исто така, вакцинацијата во земјава не е присилна, секој пред да се вакцинира, пополнува изјава за согласност

    Вакцината против ковид не е плацебо

    Вакцината против ковид не е плацебо

    Плацебо – физиолошки раствор од сол и вода, се користи  само во клиничките испитувања, односно во раните фази, кога вакцината е во процес на испитување и тоа за да се покаже нејзината ефикасност. Не постои ниту еден доказ, дека луѓето кои примиле вакцина, примиле плацебо. Доколку вакцините беа сол и вода, а не вистински, земјава немаше да ги фрла, како што се случи со донираните 20 илјади вакцини од Бугарија, кои мораше да бидат уништени како медицински отпад зашто им помина рокот за употреба

    Има разумен одговор зошто некои земји не пријавиле заболени од ковид-19

    Има разумен одговор зошто некои земји не пријавиле заболени од ковид-19

    Заклучно со 22 ноември само четири земји во светот не пријавиле ниту еден случај на заболен од коронавирусот. Тоа што немаат пријавено заболени не значи дека и фактички нема ниту еден заболен во овие земји. Исто така, тоа што само четири земји не пријавиле ниту еден случај на коронавирус не значи дека вирусот не постои и дека го има само на телевизија. Целосно неодговорно е да се тврди вакво нешто кога од почетокот на пандемијата досега на глобално ниво животот го загубиле над 5 милиони луѓе. Коронавирусот е вистински, а ковид пандемијата е реална и сè уште е далеку од крајот. Коронавируост за првпат се појави во Кина на крајот на декември 2019 година,а Светската здравствена организација потврди дека генетскиот материјал РНК, на вирусот е изолиран на 7 јануари 2020 година

    Стотина вработени во штипската болница се невакцинирани

    Стотина вработени во штипската болница се невакцинирани

    Од близу 500 вработени во болницата во Штип, стотина се невакцинирани, но како што велат од болницата, станува збор за лица кои го прележале коронавирусот. За разлика од нивните колеги во болницата, во Здравствениот дом „д-р Панче Караѓозов“ само неколкумина се немаат вакцинирано. На вакцининалните пунктови во штипскиот Здравствен дом деновиве доаѓаат главно повозрасни пациенти – над 65 години, кои примиле вакцина од кинески „Синофарм“ и бараат бустер доза. За неполн месец, откако почна имунизацијата со трета доза вакцинирани се 3.100 пациенти од штипскиот регион

    Не е точно дека при вакцинација некои примаат вистинска вакцина, а други плацебо

    Не е точно дека при вакцинација некои примаат вистинска вакцина, а други плацебо

    Плацебо е физиолошки раствор, односно мешавина од сол и вода, која се дава во текот на клиничките испитувања на вакцините на дел од учесниците. Откако ќе биде целосно развиена, вакцината повеќе нема никаква допирна точка со плацебо. Кога ќе отидете на вакцинален пункт, може да бидете сигурни дека примате вакцина, а не солена вода во рамото. Тврдењето  дека политичарите не примаат вистинска, туку плацебо ковид-19 вакцина, е невистинито, непоткрепено со аргументи и претставува теорија на заговор која ги вклучува елитите како наводно привилегирани контролирачи на ковид пандемијата

    Вакцините не убиваат, ПЦР тестовите нема да ве заразат со корона

    Вакцините не убиваат, ПЦР тестовите нема да ве заразат со корона

    Една дезинформациите коишто беа јавно искажани на протестот пред Собранието е дека „вакцините убиваат луѓе, а тестовите ги заразуваат луѓето“.  Светската здравствена организација внимателно го следи воведувањето на сите вакцини за ковид-19. Оттаму велат дека вакцинацијата е безбедна, а несаканите ефекти од вакцината обично се мали и привремени, како што се болки во раката или лесна треска. Можни се посериозни несакани ефекти, но тие се исклучително ретки. ПЦР тестот, кој се применува насекаде во светот за време на пандемијата со ковид-19, е молекуларен тест одобрен од СЗО. Овој тест е златен стандард за дијагностицирање на ковид-19, откако е одобрен за употреба во февруари 2020 година

    Не е точно дека пратеничка во Австрија фалсификувала вакцинација

    Не е точно дека пратеничка во Австрија фалсификувала вакцинација

    Пратеничката  Ева Марија Химелбауер на партијата ÖVP објасни што, всушност, се случило дента кога е снимена како ја става лепенката од серискиот број на вакцината во жолтиот картон за имунизација. Химелбауер е бремена и дента кога е снимена, всушност, примила вакцина против грип. „Секако, одговорната докторка оваа моја вакцинација против грип ја внесе во електронскиот сертификат за вакцинација. Дополнително, бидејќи го немав со себе мојот жолт сертификат за вакцинација, ми го даде празниот сад за вакцина, со серискиот број кој требаше да се залепи, што потоа самата го направив“, изјави Химелбауер

    Дезинформациите ги празнат вакциналните пунктови во Тетово и Гостивар

    Дезинформациите ги празнат вакциналните пунктови во Тетово и Гостивар

    Драстично е намален интересот за вакцинација во Тетово, а со тоа и потребата од медицински кадар и пунктови за имунизација. Вo јули и август на дневна основа се вакцинираа над 1.500 граѓани, претежно со прва доза. Сега дневно се вакцинираат од 200 до 300 лица, а половина од нив со бустер, односно трета доза. Дезинформациите се една од главните причини поради кои луѓето губат интерес за имунизација, особено младите

    Лага е дека Јапонија го напушта вакцинирањето против ковид-19 и почнува со примена на ивермектин

    Лага е дека Јапонија го напушта вакцинирањето против ковид-19 и почнува со примена на ивермектин

    Постот што го анализираме шири лаги во врска со сузбивањето на пандемијата на коронавирус во Јапонија и мерките за борба против истата. Не е точно дека Јапонија „става крај на лудилото со ковид-19“, така што ја напушта вакцинацијата и почнува со примена на ивермектин. Во Јапонија се спроведува масовна вакцинација на населението, а ивермектинот не е одобрен како лек во борбата против ковид-19, ниту од СЗО, ниту пак, од јапонските власти

    Ковид не е измама, туку болест предизвикана од коронавирусот

    Ковид не е измама, туку болест предизвикана од коронавирусот

    Постојат, дијагностички потврдени случаи на ковид-19 во целиот свет вклучително и во Република Северна Македонија.Ппостојат сведоштва од пациенти кои прележале ковид, сведоштва на членови на семејства кои изгубиле блиски како последица на ковид. Има глобални напори за справување со пандемијата и со ковид-19 со воведување нов начин на живот, со маски, дистанца, дезинфекција, вакцинални сертификати, тестирање, бидејќи ковид е болест специфична и различна од сите други и со потврден и изолиран коронавирус. Така што, овој постот не е вистинит. Ковид не е измама, туку болест предизвикана од коронавирусот. А, наспроти апелот во постот да се одбиваат вакцините, тие го намалува ризикот од смртен исход од ковид-19, како и од тешки ковид компликации

    Нема докази дека вакцината на „Фајзер“ предизвикува згрутчување на крвта

    Нема докази дека вакцината на „Фајзер“ предизвикува згрутчување на крвта

    Нема докази дека вакцината на „Фајзер“ ја оштетува човековата крв и ја онеспособува крвта да го носи кислородот низ крвотокот. Консензусот на медицинската заедница која третира пациенти со ковид не соодветствува со ова тврдење. До 4 ноември оваа година, ставени се повеќе од 245 милиони дози од вакцината на „Фајзер“ и ниту ФДА, ниту ЦДЦ, немаат издадено предупредување или друг извештај за потенцијални тромбови, или згрутчување на крвта предизвикано од вакцината на „Фајзер“