×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Бугарија се повлече од изградбата на пругата кон Македонија, кажа Николовски

    15.03.2025 08:21 | KumanovoNews

    Бугарија одлучила да ги повлече средствата предвидени за реконструкција на железничката пруга од Софија до Ѓуешево. 

    Бугарија се повлече од изградбата на пругата кон Македонија, кажа Николовски

    Министер за транспoрт Александар Николоски, кажа дека нашата земја не се откажува од изградбата на пругата,  бидејќи тоа е многу значаен коридор за регионот и за НАТО.

    “Ние остануваме силно посветени на железничкиот коридор 8 . Во овој момент активно се работи на втората секција во должина од 34 километри која оди од Бељаковце до Крива Паланка. Во месец јануари ја пуштивме во функција првата секција од Куманово до Бељаковце и остануваме посветени на дијалог со Бугарија со цел изнаоѓање на заедничко прифатливо техничко решение во однос на тунел кој што треба да ги спојува двете држави и изградбата на третата секција затоа што сметаме дека Коридор 8 е исклучително значаен не само за Македонија туку за целиот регион и за цела Европа. Тоа е НАТО коридор, тој е втор најзначен коридор значаен за НАТО и нашата посветеност останува“, кажа Николовски.

    Тој додаде дека испратиле писма до Европската делегација, до Европската транспортна зедница, но исто така и до двете банки ЕИБ и ЕБРД имајќи предвид дека Македонија има потпишано договори за кредит за коридор 8 во висниа од 350 милиони евра и за истите доколку не се користат треба да плаќа резервации, а во овој случај не би се користеле не поради наша вина.

    Коридорот 8 е национален приоритет за Бугарија информира бугарското Министерство за транспорт и врски и нагласува дека „не ја одложило изградбата на пругата кон Република Северна Македонија“.