Крива Паланка набави нови собирни контејнери за електронски и електричен отпад
Општина Крива Паланка, во соработка со ЈП „Комуналец“, склучи неколку договори со лиценцирани колективни постапувачи за разни видови на отпад, кој може и треба да се рециклира. Операторите имаат обврска да постават соодветни садови и подигање на определениот вид на отпад од подрачјето на градот и приградските населби.

Од страна на колективниот постапувач „Екон Електрон“ веќе се поставени соодветни садови на три локации за одлагање на електронски и електричен отпад, кој е особено опасен за животната средина. Меѓу нив е и еден поголем контејнер кој е од од затворен тип и кој ќе служи како собирен центар за поголеми електронски апарати и уреди кои не се во употреба и од кои граѓаните имаат потреба да се ослободат.
„Со цел создавање на услуги поблиску до граѓаните , општината продолжува со поголем интензитет на поставување соодветни садови за селекција на отпад и затоа се молат граѓаните соодветно да ги практикуваат“, велат од локалната самоуправа.
Оттаму посочуваат дека активностите се согласно законската регулатива за селекција и соодветно управување и пострапување со отпадот и заштита на животната средина.