Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По речиси една деценија пауза, градскиот базен во Крива Паланка повторно е во функција, и со него ќе стопанисува ватерполо клубот "Крива Река". Базенот е отворен за капачи и посетители, а воедно се нудат школа за пливање и школа за ватерполо.
Овој значаен проект е предводен од познатиот македонски ватерполист Боро Стефановски, кој минатата година потпиша концесија со базенот за период од десет години. Стефановски најави дека ќе се вложува етапно за да се подобри функционалноста на базенот и на целиот комплекс.
Голем број заинтересирани деца од градот веќе ја посетуваат школата, а нивните активности ги надгледува и води Томи Стефановски, долгогодишен државен првак во ватерполо, пливање и светски шампион во маратонско пливање во 2016 година.
Градскиот базен во Крива Паланка станува ново омилено место за освежување и забава, особено во овие екстремно топли летни денови.
Никола Митовски