×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Крива Паланка постоела населба и пред да биде изградено военото утврдување Егри Дере во 1633 година, потврдуваат најновите истражувања (видео)

    23.07.2023 13:05 | Жаклина Цветковска

    Пред основањето на Крива Паланка како воено утврдување Егри Дере во 1633 година од страна на турскиот везир Бајрам паша, на оваа територија постоела населба со немуслиманско население што според турските дефтери егзистирала уште во 16 век, потврдуваат најновите истражувања кои даваат нов аспект во историјата на градот.

    Според најновите историски факти до кои дојде истражувачкиот тим од Градскиот музеј во Крива Паланка , Егри Дере била основана во атарот на селото Истрамош или Страмош кое броело 25 домаќинства и кое се споменува во повеќе турски извори уште во 16 и во 17 век.

    Ова сознание за првпат беше презентирано на неодамнешната Меѓународна научна конференција „Крива Паланка и кривопаланечко во времето на Османлиската Империја (15-19 век), организирана во рамките на повеќегодишниот проект „Вие освојувачите - Крива Паланка во времето на Османлиската империја II“, што го реализира Градскиот музеј, со поддршка на Министерството за култура.

    Прашањето дали постоела населба или управен центар на оваа територија досега никој го нема обработено, а според досегашните податоци се знае дека градското јадро било формирано со изградбата на тврдината од страна на Бајрам паша во 1633 година. Бројните историчари, етнолози и родокрајни истражувачи го пропуштиле проучувањето на овој аспект, главно фокусирајќи се на военото утврдување, описот на плочата за основањето наградот, патеписните забелешки и османските изворни документи кои даваат слика за тој период.

    „Пресврт во досегашните истражувања прават преводите на османлиските документи од Архивот на Софиската библиотека. Во една од забелешките на пописните дефтери за ослободување на домаќинствата од данокот „џизие“ во Ќустендилско, од околу 1642 година, стои дека селото Истрамош има 24 домаќинства- ханета кои се ослободени од овој данок. Во документот се наведува: „Пред некое време село Истрамош имаше 24 џизие домаќинства. Но, бидејќи тврдината и анот во Егри Дере се наоѓаат во рамките на споменатото село, за време на извршениот попис се утврди 25 души раја кои беа зебележани во регистарот за џизието....“.

    Оваа забелешка, како и другите потврдени извори, се клучни за овој аспект од историјата на градот ,бидејќи се потврдува дека на оваа територија егзистирала населба и пред да биде изградено военото утврдување во 1633 година, објаснува Драган Величковски, директор на Градскиот музеј од Крива Паланка.

    Уште еден доказ за постоење на населбата е и споменувањето на селото во списокот на села и бројот на немуслиманско население од Ќустендилскиот вилает, оданочени со данокот џизие од 1661 година. Во турските извори за бугарската историја повторно се споменува селото Страмош и 25 домаќинства како дел од нахијата (И)Славиште која припаѓала на Ќустендилскиот вилает.

    И А.Стојановски, автор на делото „Градовите во Македонија од крајот на 14-17 век“, кој ги проучува турските извори, смета дека населбата постоела и пред основањето на градот. Селото сe споменува и во одамна објавените турски документи за историјата на македонскиот народ , каде во 1572 година е регистрирано дервенџиското село Стремаш, но во нахијата Илиџа во ќустендилскиот санџак. Таму стои и дека селото е вклучено во тимарот на Мехмед, син на Синан бег и дека е додадено кон селото Трешница во Врањската нахија. Потоа следуваат детали за пописот и ослободуваето на дервенџиите од одредени даноци, за жителите и приходите на селото и слично.

    „Најверојатно овој податок го одвлекол вниманието на сите досегашни истражувачи и не го поврзале со кривопаланечко, односно со Егри Дере. Но, сите овие документи укажуваат на една иста населба , односно село кое има исто име или топоним- Страмош, Стремош, Стремаш. Има ист или сличен број на жители во пописните тефтери, а лоциран е на местото на кое Османлиите го
    изградиле военото утврдување Егри Дере. Истите извори потврдуваат за постоење на населба која со изградбата на военото утврдување на везирот Бајрам паша, во времето на султанот Мурат IV, полека се слеало со тврдината , новите објекти и куќите на доселениците и го изгубило своето име Страмош за сметка на познатите топоними Егри Паланка или Бајрампашина Паланка “, вели
    Величковски.

    Инаку, според турските документи градот е основан во 1633 година, за што сведочи и зачуваната мермерна плоча со арапско писмо, која се чувала на влезот на тврдината. Тоа е редок материјален документ што ја вбројува Крива Паланка во ретките градови на Балканот кои поседуваат ваков доказ за своето основање, а плочата денес се чува во Музејот на Македонија во Скопје.

    Во својот Патопис од 1661 година, турскиот патописец  Евлија Челебија   забележал дека тврдината во обем има 800 чекори и една порта која се отвора кон југоисток. Во неа имало складишта за муниција, житни амбари, десет шахи-топови, 200 војници, градски заповедник (диздар). Градската капија и ѕидовите-бедеми биле многу високи. Во самата тврдина имало 50 куќи, една џамија и
    капела за воена музика. Надвор од неа имало подигнато град (паланка) со околу 800 куќи, една џамија, голем ан, како и караван-сарај и мал амам. Во градот имало и повеќе дуќани, особено занаетчиски, во кои се изработувале железни предмети, а се спомнуваат и керхани за преработка на железна руда.

    Бајрам паша го подигнал утврдувањето за да ги заштити карваните и патниците на патот кон Мала Азија од ајдутите. Кривопаланечката клисура била опасна и тешко проодна заради што била развиена и дервенџиска служба која обезбедувала сигурен и непречен премин низ патишата на оваа трасферзала.

    Добрата положба на оваа мала населба ѝ овозможила да прерасне во поголемо населено место.

    Во Крива Паланка постоела населба и пред да биде изградено военото утврдување Егри Дере во 1633 година, потврдуваат најновите истражувања (видео)