Исчезна жена во кривопаланечко, службите организираат голема потрага По неколкудневна безуспешна потрага по исчезната 78-годишна Цветанка Ѓорѓиевска, на која и се губи трагата на 2 март, во селото Конопница, кривопаланечко, се организира голема потрага. На располагање се ставаат сите служби и расположиви ресурси од општината.
Обичаите за Благовец во Кривопаланечко На 7 април секогаш се празнува големиот христијански и народен празник „Свето Благовештание“ или познат како Благовец.
Пуштена во употреба сензорна соба во ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“ во Драгоманце Денеска беше пуштена во употреба целосно опремена сензорна соба во општинското основно училиште „Христијан Тодоровски Карпош“ во с. Драгоманце во Општината Старо Нагоричане.
Надминат долгогодишниот проблем со стручните кадри во Градскиот музеј Крива Паланка Општина Крива Паланка обезбеди вработувања за првите стручни лица во ЛУ Градски музеј Крива Паланка, со што е надминат долгогодишниот проблем за работно ангажирање на потребните кадри во оваа локална установа.
Објавен конкурсот за запишување во средните училишта, познати и компаниите за практична настава Министерството за образование и наука го објави Конкурсот за запишување ученици во средното образование за учебната 2021/2022 година.
Се обновуваат спортските објекти во кривопаланечките училишта После цели 50 години се реновира спортската сала во ООУ„Илинден“ во Крива Паланка, која се користи за повеќе спортски активности, не само од страна на училиштето, туку и од спорските клубови. Се врши замена на подот со нова гумирана подлога, обнова на санитарните јазли и соблекувални, а ќе биде адаптиран и пристап за лицата со посебни потреби.
Во Крива Паланка ќе се отвори паралелка за медицински сестри За првпат од учебната 2021/2022 година, во средното училиште СОУ„Ѓорче Петров“ од Крива Паланка, ќе биде воведена здравствена струка за образување на профилот медицинска сестра.
Казнети 77 кумановци затоа што не носеле заштитни маски на лице Седумдесет и седум кумановци ќе се соочат со парична казна, затоа што не ја почитувале препораката за носење на заштитна опрема на јавно место.
Стефани Симонова на 11 години светски шампион во интелектуални вештини Стефани Симонова од Крива Паланка има само 11 години, а веќе стана светски шампион во интелектуални вештини и способности. Титулата ја доби на неодамна одржаниот Меѓународен натпревар Бреинобреин во Дубаи, во конкуренција на 25.000 ученици од 45 земји во светот, рапоредени според возраст и ниво.
Распишан конкурсот за прием на средношколци во ученичките домови во Куманово, Крива Паланка и Кратово Во јавните ученички домови во Североисточниот регион ќе бидат примени вкупно 210 ученици.
На Табановце и денеска редици за влез во Србија Македонските граѓани и денеска заминуваат на вакцинација во соседна Србија, па поради зголемена фреквенција на возила за излез од државата се чека повеќе од половина час.
Ќе се гради детска градинка во Матејче Новата градинка ќе биде со капацитет за згрижување на 102 деца, на возраст од 0 до 6 години.
Обезбедени потребните попишувачи за Североисточниот регион Завршена е селекцијата на сите учесници во пописот 2021, односно, заклучно со вчера, целосно е пополнета листатата на потребните реонски попишувачи и инструктори.
Фирма од Крива Паланка не платила акциза за увоз на тутун во висина од 1,6 милионид денари Одделението за истраги при Царинската управа поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Куманово против правно лице, со седиште во Крива Паланка, заради основано сомневање дека сторило кривично дело „Избегнување на плаќање акциза“, казниво по член 279-б од Кривичниот законик.
На листата на еТвининг две кривопаланечки училишта Средното училиште „Ѓорче Петров“ и Основното училиште „Јоаким Крчовски“ од Крива Паланка, се меѓу 9-те училишта од Македонија, кои се добитници на ознаката еТвининг училиште за 2021-2022.
Жителите од Герман и околните села една недела отсечени од светот поради завеани патишта Состојбата на жителите од Герман, Станча, Пклиште и Криви Камен од општина Ранковце станува алармантна, откако останаа завеани поради обилните снежни врнежи.